imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Следете ги своите вештини во скијање и сноуборд на Apple Watch


Зимската сезона е во полн ек и не е доцна да ги испробате најновите функции на Apple Watch, следењето на скијањето и сноубордингот. Да погледнеме како тоа функционира!

Apple им овозможи на програмерите достапност на API што им овозможува на Series 3 часовниците со watchOS 4.2 да ги мерат резултатите во зимските спортови со помош на висиномер. Отсега можете да следите спустови, оддалеченост, број на одработени кругови, просечна брзина и согорени калории.

Тоа можете лесно да го испробате со помош на апликацијата snoww за Apple Watch, која веќе ги донесе овие нови опции. Преземете ја во App Store, отворете сметка и погледнете како работат функциите. Најпрвин треба да изберете скијање или сноубординг и да овозможите делење на локацијата. Можете да вклучите и известувања, но тоа не е неопходно.

Пред да се спуштите низ планината, притиснете Let’s skii за да овозможите синхронизација со апликацијата Health. Така ќе ги сумирате сите активности кои го следат вашиот Apple Watch, другите паметни додатоци и фитнес апликации. Непосредно пред спустот, стартувајте ја апликацијата за да ги спарите уредите.

 

Со оглед на тоа дека апликацијата користи висиномер, компатибилна е со Apple Watch Series 3, но не и со раните верзии на часовникот. Овој модел на Watch ima i GPS, па не требате да носите iPhone со себе.

Иако апликацијата е осмислена за најновите модели на часовници, функционира и на постарите модели, па можете да го мерите бројот на спустови или поминатата оддалеченост. Сепак, резултатите нема да бидат прецизни, туку повеќе груби проценки. Идентично како кога користите мерач на калории на iPhone без соодветен уред за следење на отчукувањата на срцето. Исто така, ако имате Apple Watch од прва генерација или моделот Series 1, ќе ви треба и iPhone поради GPS.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.