imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Слушајте подкасти на вашиот Apple Watch!


Апликацијата Podcasts е зададена на сите iPhone модели, но не и на Apple Watch. Меѓутоа, само неколку едноставни чекори ве делат од тоа подкасти да можете да слушате и на својот паметен часовник со помош на безжични слушалки.

За да можете да слушате подкасти на вашиот Apple Watch, треба да ја следите постапката во три фази:

  1. Подгответе ги фајловите за својот Apple Watch.
  2. Направете плејлиста.
  3. Додајте ја таа плејлиста.

Најпрвин треба да ги промените екстензиите на фајловите да бидат компатибилни со Apple Watch. Тоа можете лесно да го направите во iTunes.

  1. Отворете iTunes
  2. Побарајте аудио книга или подкаст кој сакате да го слушате на својот часовник.
  3. Изберете ги саканиот фајл така што еднаш ќе притиснете на него, па Command (⌘) + I.
  4. Притиснете го табот Options.
  5. Изберете Music под видовите медиуми.
  6. Притиснете OK.

Сега ќе направиме плејлиста од претходно конвертираните фајлови.

  1. Отворете iTunes и изберете го менито File, па создадете нова плејлиста.
  2. Одвлечете ги фајловите до листата.
  3. Притиснете OK.

Се што треба сега е да ја изберете саканата плејлиста на својот Apple Watch.

  1. Отворете ја апликацијата Watch на својот iPhone.
  2. Отворете го табот My Watch.
  3. Изберете Music.
  4. Притиснете на „Add Music“.
  5. Изберете ја неодамна создадената плејлиста.
Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!