imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Смеат ли апликациите од App Store легално да рударат криптовалути?


Не се работи за теоретско прашање, бидејќи веќе дојде до помал скандал врзан за таа тема. Една календарска апликација им откри нов начин на наплатување на своите услуги на корисниците, но им се протна грешка – а Apple не реагираше како што би очекувале.

Овие денови имавме многу интересна и досега невидена ситуација во Mac App Store. Апликацијата Calendar 2, која беше одобрен и позитивно оценет дел од понудата на App Store одлучи да испроба нов метод на заработка. Нејзините корисници на почетокот можеа да преминат на оремиум верзијата со класично доплаќање по преземеањето на апликацијата. Имаа опција за плаќање на 0,99 долари месечно или одеднаш да платат 17,99 долари за трајно користење на премиум верзијата.

Но, нејзините програмери ги следат најновите трендови, па на памет им падна една нова идеја. Им овозможија на корисниците „бесплатен” пристап до сите напредни функции, а се што требаа да направат корисниците за возврат – а што беше јасно искажано – е да и допуштат на апликацијата во позадина да ја рудари криптовалутата Monero, користејќи ги ресурсите од нивните компјутери. Очигледно се работи за ризичен потег кој отвори бројни прашања, а главно меѓу нив е што ќе се случи ако дојде до грешка во системот.

Програмерите тврдат дека не им била намерата оваа „функција” автоматски да се вклучува при стартувањето на системот на компјутерот на секој корисник. Без оглед на тоа, сите корисници кои ја инсталирале или надградиле оваа апликација, ги позајмуваа своите ресурси за заедничко рударење. Не треба ни да истакнуваме дека тоа е и повеќе од ризична работа. Не требаше долго за да се крене прав, а уредниците на Ars Technica веднаш го пријавија случајот на Apple. А што направија они, се прашувате?

НИШТО.

Цели 24 часа по пријавување на случајот, апликацијата и натаму беше достапна во App Store, а не е ни објавена ниту една официјална изјава. Поради тоа, не ни преостанува друго туку да погледнеме зошто е така:

  • Apple не реагираше, бидејќи им дозволи на апликациите во App Store рударење на криптовалути. Во овој случај се работи само за грешка која ќе биде поправена.
  • Apple отвори истрага и случајот се уште не е заклучен. Секако, не можат да ги отстранат апликациите на темел на случајно обвинување.
  • Едноставно не им е грижа за Mac App Store.

Како што тензите стануваа се поголеми, програмерите на апликацијата, од екипата Qbix одлучија да реагираат. Нивниот основач Gregory Magarshak изјави за Ars Technicа дека искрено им е жал поради се и дека навистина се работи за грешка која ќе биде решена со следната надградба на апликацијата. Подоцна ја измени изјавата и наместо исправка на грешки вети отстранување на спорната функција од апликацијата. Својата одлука ја објасни со следните аргументи:

  • Компанијата која ја овозможи програмата на рударење одби да го открие неговиот изворен код. Тоа значајно би го забавило решавањето на проблемот.
  • Сегашната верзија е полна со грешки и само се чини дека намерно почнале да рударат. Сепак, тоа не е во склад со нивната политика.
  • Негово лично мислење е дека користењето на алгоритамот Proof of Work (ја осигурува сигурноста на трансакциите во случајот на криптовалаути) ќе доведе до трошење на преголемо количество енергија на глобално ниво, а неговата екипа не сака да учествува во тоа. Исто така, се надева дека со ова ќе се подигне свеста за овој проблем и меѓу другите компании.

На вас е да одлучите дали се ова само оправдувања или пак вистина. Но, едно е сигурно: апликацијата Calendar 2 е отстранета од понудата на Mac App Store без никакво објаснување. Немаме повеќе информации за овој случај, па не знаеме дали апликацијата ја отстрани Apple или Qbix, но несомнено е дека се работи за значаен потег.

Ако тоа го направил Apple, значи дека е забрането да се поставуваат апликации кои поддржуваат рударење на криптовалути, без оглед на тоа што само рударењето во целост е легално. Со оглед на тоа дека во Apple се многу внимателни кога се работи за апликациите што ги нудат во својот App Store, ова сценарио е многу веројатно. Впрочем, финансиските институции низ светот се сложни во мислењето дека криптовалутите се многу ризичен облик на вложување поради непредвидливото движење на нивната вредност.

Не е важно дали програмерите на оваа апликација имале добри или лоши намери – овој случај сите треба да го сфатиме како предупредување. Лудилото со криптовалутите очигледно е во полн замав и ваквите работи можат се почесто да се случуваат. Секогаш е добро да се знае што ви се случува на компјутерот.

Напомена: Нашите нагаѓања се покажаа точни, бидејќи потврдена е информацијата дека Apple ja отстранил апликацијата од App Store поради кршење на правилата на продавницата. Очигледно им треба малку повеќе време за истражување на вакви случаи.

Извор: MacRumors

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.