imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Совети за вежбање со Apple Watch


Освен што е совршен додаток, Apple Watch може да стане ваше најдобро друштво додека се занимавате со спорт. Apple не создаде само моден производ, туку и одличен уред за вежбање. Заинтересирани сте за одење, трчање или пливање? Да погледнеме како можете да ја усовршите вашата изведба.

Здраво, Siri!

За жал, Siri се уште зборува течно на само неколку јазика, а со време не стана многу попаметна. Но, сите оние кои знаат барем малку англиски, может лесно да управуваат со неа со едноствани гласовни наредби. Може да ни биде прилично корисна при одредени активности. Ако ја притиснете дигиталната круна и кажете „Hey, Siri!“, можете да ја активирате личната асистентка на Apple.

01_apple_watch_workout_tips

Siri може да подеси вежби по слуачен избор, оддалеченост и бројот на калории што треба да ги согорите. Секогаш ве слуша, без оглед на тоа со која активност се занимавате. Така вежбањето станува позгодно бидејќи не треба да допирате на малиот екран. Hey, Siri, дај веќе научи некој јазик!

Прецизни податоци за крвниот притисок

Apple Watch  не е само обичен производ за вежбање. Тој е ваш нераздвоен пратител кој го надзира вашите дневни активности. Иако функциите на Siri се одлични, исплати да се нагласи со која активност ќе се занимавате бидејќи така собраните податоци ќе бидат поточни.

02_apple_watch_workout_tips

Без оглед на тоа дали одите, трчате или пливате, со внесување на точна активност ќе добиете точни и ажурни информации за своето тело и степенот на кондиција. Исто така, различните активности се надзираат со различни сензори, па во случај на активност на отворено ќе се активира GPS.

Оставете го својот iPhone

Но, само ако вашиот часовник има GPS сензор. Ако имате Apple Watch Series 2, непотребно е со себе да го носите iPhone-от. Самиот часовник ќе ви ги даде сите потребни информации. Меѓутоа, ако очекувате некој итен повик или не можете некое време да си допуштите да се исклучите од мрежата, понесете iPhone бидејќи часовникот не може да се поврзе со широкопојасни мрежи. Постарата верзија на Apple Watch нема GPS сензор: во тој случај ќе ви треба телефон ако сакате да ја знаете своја точна локација.

03_apple_watch_workout_tips

Уште една важна работа е музиката. Можете да ја слушате преку часовникот со помош на AirPods. Тоа пак значи дека не ви треба iPhone. Единствен можен проблем е дека можете да слушате само одлајн музика.

Чувајте ја батеријата!

Единствена мана на Apple Watch е траењето на батеријата. Иако Apple гарантира ден до два користење, со интензивно користење батеријата многу бзро се празни, исто како и кај iPhone. Ако го користите повеќе часа дневно, тоа многу брзо ќе ја убие батеријата. Поради тоа, Apple нуди две решенија за продолжување на нејзиниот живот.

04_apple_watch_workout_tips

 

Најпрвин е користењето на начинот на работа за зачувување на енергијата. Оваа Power Saving функција сигурно ви е позната од iPhone. Меѓутоа, со такво ограничување на функционирањето можете да добиете неточни податоци. Вториот начин е помалку згоден, но штеди повеќе енергија. Можете да користите втор уред за следење на работата на срцето и да го исклучите овој сензор на Apple Watch. Power Saving начинот на работа можете да го активирате на Apple Watch апликацијата.

Прилагодете што мерите!

Секој тренинг е поинаков и има поинакви цели, а Apple Watch може да ви пружи многу различни информации за вашата активност. Искусните спортисти точно знаат кои мерки треба да ги следат за да постигнат што подобри резултати. Иако поголемиот дел од корисниците го немаат тоа ниво на искуство, сите многу лесно можат да подесат кои податоци сакаат да ги следи Apple Watch.

05_apple_watch_workout_tips

Apple Watch апликации

Иако апликациите на самиот Apple Watch можат да пружат бројни решенија за разни видови активности, постојат и некои важни апликации од други производители кои се исплати да се испробат, како Nike+ Running Club.

06_apple_watch_workout_tips

Тогаш, дали сте вежбале денес?

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!