imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Со iOS 12, Face ID ќе може да автентицира две лица


Од претставувањето на Face ID, има се повеќе барања за автентицирање на неколку лица, бидејќи така повеќе корисници би можеле да му пристапат на еден уред. Се чини дека Apple овој пат попушти…

Кога се дозна дека Apple ќе премине од препознавање на отпечаток од прстот на Face ID на iPhone X, многу корисници беа скептични. Што ако ја променам фризурата, почнам да носам очила или пробам да го отклучам телефонот со мамурно лице? Сите овие проблеми со време беа заборавени, бидејќи Face ID го докажа својот квалитет. Меѓутоа, еден недостаток е присутен од самото претставување на оваа функција:

Face ID може да автентицира само едно лице.

Не тврдам дека овој недостаток предизвика многу непроспиени ноќи, но и натаму има повеќе смисол (барем за мене), барем лицата кои живеат во ист дом да можат меѓусебно да си ги отклучуваат телефоните со биометриска идентификација. Во секој случај, поентата е дека овие желби со време се претворија во вистинска побарувачка.

Се чини дека Apple барем делумно ја исполни оваа желба. Имено, со iOS 12, во поставките на Face ID е воведена ставката Alternative Appearance. Врз основа на името, логично е да се претпостави дека ова не е наменето за воведување на уште еден корисник, туку за учење на системот да го препознае сопственикот на уредот во повеќе изданија (со шешир, очила за сонце, посебна шминка и сл.)

Според овие извештаи, опцијата Alternative Appearance може да се употреби за додавање нов корисник и автентикацијата функционира без проблеми, па претпоставуваме дека системот може да разликува лица.

Face ID за повеќекратна автентикација веројатно е во плановите на Apple, бидејќи многу знаци упатуваат на тоа дека ни пристигнува iPad Pro со екран на целата предна површина и со Face ID. А таблетот е уред кој навистина го употребуваат повеќе корисници.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!