imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Спецификации, безжично полнење и Face ID: сè што знаеме за iPhone X


Поголем дел од информациите за iPhone X протекоа оваа сабота, а оттогаш можевме да научиме некои дополнителни технички детали: процесор, RAM меморија, идентификација на лице, безжично полнење. Ајде да видиме што може да очекуваме утре.

Имавме текст овој викенд за зголемениот број информации што протекоа со iOS 11 GM, последната бета верзија пред официјално објавената верзија. Оваа верзија во основа содржи завршен систем, вклучувајќи го и сето она што Apple не го сподели со корисниците за време на создавањето: некои сегменти од кодот се однесуваат на одредени спецификации, меѓу другото. Ако успеавте да го пропуштите тоа, статијата можете да ја прочитате овде.

Уште оттогаш беше јасно дека A11 процесорот ќе има 6 јадра и исто како и во случајот на iPhone 7, тие нема да работат истовремено. Четирите јадра со пониски перформанси (Mistral) и двете со повисоки перформанси (Monsson) ќе бидат на должност во iPhone X. Steve Troughton Smith исто така ни кажува дека нема да има какви било промени во однос на RAM меморијата: во iPhone 8 ќе има 2GB, додека iPhone 8 Plus и iPhone X ќе имаат 3GB RAM меморија. IPhone 7 и 7 Plus моментално имаат исто количество RAM.

Веќе видовме фотографии од деловите задолжени за безжичното полнење. Горенаведениот код сегмент го потврдува тоа и содржи и 3D анимација. Оваа функција ќе биде дел и од другите два модела, а не само на iPhone X, но за тоа веќе имавме подетален текст. Втората значајна промена се однесува на Face ID, и можете да видите како ќе изгледа интерфејсот за препознавање на лицето на сликата подолу. Херојот кој ни откриваше информации од фирмверот на HomePod, Рамбо сподели нова анимација од функционалниот процес. Очигледно, ова е само корисничкиот интерфејс: само iPhone X ќе го има овој тип на идентификација, а Touch ID целосно ќе биде отфрлен од Apple.

Извор: 9to5mac

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.