imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Среќен роденден Siri!


Виртуелната помошничка на Apple вчера го прослави шестиот роденден. Доволно е да ги погледнеме денешните трендови во технологијата и веднаш ќе сфатиме колкаво влијание имаше Siri на индустријата. Да ја поздравиме асистентката со кратка посвета.

На величествениот настан на 4. октомври, 2011, Apple ја претстави функцијата Find My Friends, ги надгради iPod nano и iPod touch уредите и го претстави iPhone 4s со виртуелната помошничка наречена Siri, која во тоа време беше нешто сосема ново. Иако уредот стигна во продавниците дури на 14. октомври, на сите веднаш им стана јасно дека Apple повторно направи нешто револуционерно.

Еве ги оригиналните соопштенија на медиумите за Siri:

Siri на iPhone 4s им овозможува на сите да испраќаат пораки преку гласот, договараат состаноци, примаат телефонски повици и уште многу работи. Замолете ја Siri нешто да направи, зборувајќи како што нормално зборувате. Siri разбира што велите и што мислите, а дури може и да ви одговори. Лесно е да ја користите и кажува многу работи, така што постојано ќе откривате нови начини да ја користите.

Siri го разбира контекстот, па можете нормално да зборувате кога и поставувате прашања; на пример, ако прашате „Ќе ми треба ли чадор овој викенд?”, ќе разбере дека ве интересира временската прогноза. Siri знае и на паметен начин користи лични податоци за кои и давате пристап; на пример, ако и кажете „Потсети ме да ја повикам мама кога ќе влезам дома”, може да ја пронајде „мама” во вашиот телефонски именик, а ако ја прашате „Каков е тука сообраќајот?”, ќе открие е каде е тоа „тука” врз основа на вашата локација.

Како што веројатно знаете, Apple сам не го разви Siri – го купија стартапот со име Siri Inc, откаде и потекнува самата технологија, а кој беше еден од одделите на SRI International. Затоа Siri на почетокот, поточно во февруари 2010, беше само една во низата апликации достапни во App Store. Во тоа време, корисниците можеа да користат гласовно управување само во некои апликации, како OpenTable, FlightStats и Google Maps, што се темелеа на технологијата на Nuance за препознавање на гласот. Apple толку се заинтересира што најави купување само два месеца по нејзиното лансирање во App Store.

Потоа ја отстранија оваа апликација од App Store, а корисниците не можеа да ја пронајдат следната година и половина. Остатокот од оваа приказна веројатно на сите им е познат. Siri стана толку силен и важен дел на Apple, што постојано се рекламира како да е во прашање некој од самостојните производи. Само сетете се на краткиот филм со Dwayne „The Rock” Johnson, или фактот дека описот на нејзините нови функции е неизбежен дел од секоја презентација. Уште повеќе, Siri оваа година помина значајна технолошка надградба во рамките на новиот iOS: помошничката сега звучи многу поприродно. Овој развој е инспириран со филмот Her.

Кога сме веќе кај звуците: на сите познатиот глас на помошничката всушност е гласот на Susan Bennett. Актерката зборуваше за навистина чудни работи кои морала да ги прави, на пример да чита глупости, работи што буквално не ги разбирала. Сепак, сигурно добро се забавувала. Во меѓувреме дури и видовме како Siri учи нов јазик.

Во изминатите шест години, Siri прилично се разви кога се прашање знаењето и говорот, а стана достапна на многу повеќе уреди. Денес можете да и пристапите преку Apple Watch, MacBook, Apple TV, па дури и со помош на AirPods, а наскоро ќе ни се всели во домовите со HomePod. А сега, благодарение на последната надградба, сите овие уреди имаат исто знаење за вас, без оглед на тоа колку често ја користите помошничката на секој од нив.

Без оглед на сите овии функции, многу луѓе сметаат дека почетниот елан многу се намалил. Искрено, во тоа има вистина, но сега кога развојот е предаден од рацете на Eddy „поправачот“ Cue во рацете на Craig „иноваторот“ Federighi, помошничката можеби побрзо ќе напредува. Едвај чекаме да видиме што ни носи иднината, а засега е доволно само да кажеме:

Среќен роденден, Siri!

Извор: Macrumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!