imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Темната ера на YouTube само што започна


Чекаме веќе некое време и веќе почнавме да мислиме дека овој ден нема да дојде, но пристигна: Dark Theme за YouTube стигна на iPhone и iPad. А ние ќе ви покажеме како да го овозможите.

Бета тестерите можеа да уживаат во предностите на темниот начин на работа од почетокот на јануари и сакавме да го поделиме тоа искуство со вас, затоа што знаеме дека ја сакате темната позадина исто како и ние. Истата функција веќе некое време е достапна за прегледниците на компјутерите. Конечно, белата позадина нема да не заслепува кога ги користиме нашите iPhone уреди.

За да ја активираме оваа опција, најнапред морате да проверите во App Store дали е достапна најновата верзија на апликацијата. Ако е достапна, само надградете ја! Верзијата 13.08 дефинитивно ќе ја содржи оваа опција. По надградбата, само отворете ја апликацијата. На мене можноста за премин на темна позадина ми се појави во скокачки прозорец по првото стартување,

Ако не се појави скокачки прозорец или сакате да се вратите на старата бела тема, се што треба да направите е да го притиснете вашиот профил во горниот десен агол и да изберете Settings. Тука ќе ја пронајдете Dark Theme веднаш помеѓу првите опции, само преместете го лизгачот на режимот кој го сакате. Темниот начин на работа им се препорачува на корисниците на iPhone X за да заштедат батерија, но е пријатен за сечии очи.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!