imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Три совети за Mac кои ќе ви го олеснат животот


Ќе ви покажеме неколку едноставни трикови за полесно организирање на фолдерите, забрзување на постапката на уредување на текстот и управување со компјутерот кога имате отворено многу прозорци во исто време.

Криење на некои од отворените прозорци

Сигурно на сите често ви се случува да имате отворено премногу прозорци помеѓу кои тешко ги пронаоѓате оние кои ви требаат за задачата со која моментно се занимавате. Мене тоа најчесто ми се случува кога истовремено пробувам да ги организирам фолдерите во прозорците на Finder и работам во некоја друга програма. Во такви ситуации згодно е што со еден потег можам да ги скријам прозорците што не ми се потребни, и да ги видам само оние кои моментно ги користам.

Ако и вие се најдете во слична ситуација, немојте да очајувате – само активирајте ја онаа програма чиј прозорец сакате да го видите (тоа лесно ќе го направите со притискање на икона на Dock), а потоа притиснете ја кратенката CMD + Option + H. Така можете да скриете повеќе отворени прозорци, а ќе останат видливи само оние врзаните со апликацијата која последна сте ја користеле.

Организирајте ги фолдерите

На Finder долго му недостасуваа неколку корисни функции; меѓутоа, по неодамнешните иновации во Mavericks многу наши потреби беа задоволени. За жал, Finder и натаму не ги организира нашите фајлови и фолдери, но тоа можете да го промените во само неколку чекори.

Отворете Finder и во било кој прозорец притиснете го десното копче на маусот и изберете „Show View Options“. Тука можете да подесите според кои критериуми сакате системот да ги прикажува вашите фајлови и фолдери.

На краткото скокачко мени изберете ја опцијата што најмногу ви одговара, но внимавајте бидејќи тоа се однесува само на фолдерот што моментно е отворен во прозорецот на Finder. Со други зборови, оваа постапка треба да ја повторите за секој фолдер.

Со опцијата „Use as Default“ можете избраните критериуми да ги поставите како системски и така да го поставите начинот на организирање на фајловите во оние фолдери во кои не ги менувате системските опции на погледот.

Како побрзо да внесете посебни знаци

Многу би си го олесниле уредувањето на текстот да можете да пристапите на сите посебни знаци во едно мени, вклучувајќи ги и емотиконите и директно да ги внесете во програмата која ја користите. Ова мени можете да го направите видливо во Edit > Emoji and Symbols или со помош на кратенката CTRL + CMD + Space Bar.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!