imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Укинат роамингот во ЕУ, без екстра трошоци за повици, пораки и податоци во странство


Од денеска можеме да воспоставуваме и примаме повици, испраќаме пораки и да користиме мобилни мрежи во сите земји од Европската унија без дополнителен надомест. Овие мерки вредат и за Исланд, Лихтенштајн и Норвешка. За жал, патниците во Швајцарија, Србија и Украина нема да имаат привилегија на уживање во бесплатен роаминг.

Конечно стигна и тој ден. Можете да заборавите на дополнителните телефонски сметки кога патувате во странство. Од денеска можете да воспоставувате и примате повици, испраќате пораки и да ги користите мобилните мрежи како и дома. Тоа правило вреди за сите корисници, без оглед на тоа дали сте на претплата или користите бонови. Но треба да внимавате не некои детали.

  • Промените не се однесуваат на повиците во странство воспоставени во вашата држава – тоа и натаму се меѓународни повици.
  • Промените вредат само за туристите и посетителите. Оние кои подолго време се во странство давателот на услуги може да им наплати дополнителен надомест.
  • Неограничениот промет на податоци не вреди во странство. Давателот на услуги може да го ограничи овој промет кој може да се користи во ЕУ.
  • Новите услови вредат од денеска во сите земји на Европската унија и во државите од ЕЕА, како Исланд, Лихтенштајн и Норвешка. Но, во Швајцарија, Србија и Украина треба да сметате на дополнителни надоместоци.

Истражувањата покажаа дека побарувачката на корисниците за оваа промена беа големи, посебно за прометот на податоци. Најголем успех е постигнат во Германија, Австрија, Италија, Франција и Хрватска. Европската комисија истакна дека се многу горди што успеале да најдат решение за намалување на мобилните трошоци на граѓаните во ЕУ.

Извор: Европска комисија

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!