imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Управување на апликациите од трета страна со помош на Siri?


Apple во средата ги извести сите засегнати колеги за промените во поглед на управувањето со медиумските содржини во iOS 12 во врска со Siri. Да погледнеме што Apple не ни откри на презентацијата.

Го сакаме Craig Federighi, дури на него и неговата коса им посветивме цел текст, но ни тој не знае да состави две сериозни реченици за Siri. Факт е дека Apple заостанува во поглед на развојот на својата дигитална асистентка, а сега се чини дека не ни сака да ги следи чекорите на Google во таа област, туку да и даде некоја нова улога на Siri.

Персоналната аситентка на Apple е претставена во 2011. година. Иако компанијата ја опиша како нешто револуционерно, функција која ќе го промени светот, во последните седум години не се промени многу. Секако, во своите почетоци немаше претерано голема улога и со време научи нови работи и мораме да признаеме дека Apple проба подлабоко да ја интегрира во целиот систем.

Уште повеќе, HomePod е генериран со истиот алгоритам; иако Siri се уште нема завидна интелигенција, знае некои функции кои овој паметен звучник го сочинуваат одличен производ. Единствениот досегашен недостаток беше тоа што Siri можеше да ги отвора апликациите на надворешните програмери, но не и да управува со нив. Меѓутоа, Apple сега ќе застане на крај на тоа, бидејќи Media Player ќе може да управува со медиумските содржини со помош на Siri.

Така Spotify отсега ќе може да го прави она што претходно го можеа само оригиналните плеери. Иако се уште не јасно дали HomePod ќе работи на тој начин, се работи за веројатна претпоставка, бидејќи Play Media е наменет за iOS 12. Со оглед на тоа дека iOS и WatchOS добија многу нови функции за Siri, би било навистина без врска тие да се наменети само за зададените апликации.

Извор: Apple Insider

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!