imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Уште неколку совети од Apple за фотографирање на iPhone


Сите сакаме да фотографираме со нашите iPhone уреди, и Apple тоа добро го знае. Затоа објавија уште неколку видеозаписи кои содржат совети за фотографирање за да можеме да направиме уште подобри слики со нашите телефони. Можете да ја подигнете својата Инстаграм игра така што ќе обрнете внимание на овие неколку ситни работи.

Користете улични светла?

Ако сметате дека нема доволно светло за создавање добра фотографија, не морате веднаш  да го користите блицот бидејќи тоа обично може да создаде повеќе зло отколку добро. Наместо тоа, употребете ги уличните светла што ви се при рака: во среднишното подрачје на некој поголем град насекаде има вклучени светла, дури и во сред ноќ. Побарајте добар агол на светло, поставете го својот модел и исклучете го блицот.

Пронајдете го најдобриот систем и поправете го фокусот, така што вредноста на изложувањето не скока горе-долу. Потоа, можете рачно да го прилагодите изложувањето со помош на лизгање. Сега единствено што ви останува да направите е да чекате најдобро изложување и да ја снимите фотографијата во вистински момент. Иако ова не е идеална фотографска тема за почетници, со леснотија можете да завладеет со основите со само неколку допири на вашиот телефон.

Задржете го хоризонтот во ред!

Многу луѓе сакаат да снимаат пејзажни фотографии со своите iPhone уреди, бидејќи телефонот е секогаш при рака, и не мора да влечат огромна камера на планина. Сепак, би можело да биде прилично незгодно изненадување кога по планинарење ќе ги погледнат фотографиите и ќе видат колку лоши испаднале. Главната причина за тоа е хоризонтот, кој стои накриво на фотографијата, а главниот систем е загубен со сечење на фотографијата.

За среќа, имаме решение за тоа. Вклучете ја решетката во поставките, за полесно да го поставите хоризонтот и нема да има никакви проблеми со пронаожаѓањето на златниот размер. Со овој метод можете да создадете поскладни слики, баш како и вистинските професионалци.

Светлата се со вас!

Ако отсекогаш сте им завидувале на другите луѓе на тоа како единствено изгледаат нивните фотографии, ова видео е дефинитивно за вас! Не е ништо изненадувачки кога ќе кажеме дека најосновниот аспект на фотографијата е користењето на светло на правилен начин – така можете да ги употребите сенките и проекциите во своја корист. Најпрво морате да побарате исправен извор на светлост и да се поставите себе и својот модел.

За да имате уште повпечатлив резултат, пробајте да постигнете што повеќе контраст. Со тоа можат да помогнат и посилните бои, а во тој случај точниот систем на сликата е посебно важен: не ги сечете нозете, рацете или глава од фотографиите!

Заднинско осветлување! Заднинско осветлување!

Сe сеќаваме кога прв пат го погледнавме филмот The Notebook, седевме на каучот, со отворена уста, тапо гледајќи ја првата сцена од филмот која се отвораше со длабока и убава силуета. Не е тешка работа да се создаде убава силуета на фотографија, но ако не обрнете внимание на неколку ситни, но важни работи, многу лесно можете да создадете нешто што не изгледа добро.

Работата е во помалата експозициска вредност и поставување на главниот извор на светло (обично сонце) зад моделот. Кога ќе успеете да добиете најдобар контраст, ќе постигнете резултат што сте сакале да го видите. Одличната силуета може да вреди неколку стотина лајкови на Facebook, така што треба да експериментирате колку пати сакате

Снимете многу фотографии со убаво осветлуивање!

 

 

 

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!