imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Филтрирајте ги пораките на iPhone


Апликацијата Messages ви овозможува филтрирање на пораките од непознати испраќачи. Да погледнеме како да се постави оваа опција.

Ниту една денешна услуга за допишување не работи доволно добро според моите критериуми, па и натаму најчесто ја користам iMessages. Можеби делува преедноставно, но крие многу опции кои би можеле многу да ви го олеснат животот. Една од нив е филтрирањето на пораките, а ви овозможува сместување на пораките испратени од непознати броеви или iCloud сметки во одвоен фолдер.

Единствен проблем е што автоматски ги филтрира и оние пораки испратени од непознатите броеви што ни требаат, на пример пораките со податоците за активација на сметка или пораките од нашиот давател на услуги. Функционира еднакво како филтер на Messenger: пораките на непознатите испраќачи бараат одобрение.

За да ја вклучите оваа опција, одете во Поставките па побарајте Пораки. На дното на листата пронајдете ја опцијата Филтрирај ги непознатите испраќачи и активирајте ја. Откако ќе се вратите во апликацијата Messages, на врвот ќе видите две картички: Контакти и СМС, како и Непознати испраќачи.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.