imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Целосно нов интерфејс на App Store Preview


По последната надградба на iTunes, веб верзијата на App Store стана само каталог. Сега е променет и начинот на приказ на апликации во App Store, и тоа на подобро – сега информациите се многу попрегледни, а целиот интерфејс е попријатен за око.

Сите кои некогаш пребаруваа и преземаа апликации преку iTunes, знаат дека оваа платформа стана многу згусната и помалку збунувачка. Очигледно и во Купертино дојдоа до истиот заклучок, па минатата есен го решија проблемот со објава на новата верзија на iTunes 12.7.

Поточно, со оваа надградба iOS App Store и Ringtone одделите се во целост исфрлени. Така сега имаме функционален плеер и продавница, и можеме да уживаме во музика, филмови и серии без многуте други, во поголем дел непотребни функции. Сите бевме воодушевени што апликацијата конечно е поедноставена.

Исто така, поради оваа надградба неколку елементи на веб Preview на App Store станаа непотребни. Беше навистина иритантно што оваа верзија на App Store постојано пробуваше да го отвори iTunes, каде што повеќе немаше ниту една апликација за преземање…

Apple зема малку време да го реши овој проблем и сега претстави редизајнирана верзија на интерфејсот на App Store Preview. Се работи за одлична промена, бидејќи споменатиот проблем е решен, а дизајнот кој изгледаше малку застарено e конечно модернизиран. Дополнителен плус е што системот во случајот на iOS апликации ги известува корисниците дали можат да ги преземат саканите апликации на своите уреди.

Фрлете око и кажете ни дали ви се допаѓа или не. Мораме да нагласиме дека скриншотовите на апликациите прикажани на новиот интерфејс се оптимизирани за iPhone X.

Извор: Macrumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!