imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Четири начини за проверка на статусот на батеријата


Батеријата на Вашиот iPhone постојано се троши? Се исклучува одеднаш? Ајде да го провериме статусот на Вашата батерија, може да се случи да е потребна замена.

Батериите на iPhone и iPads можат многу да влијаат врз употребливоста и сигурноста на уредите. Бидејќи бројот на циклуси на полнење расте, структурата на Li-ion батериите станува послаба и тие ќе можат да преземаат помалку и помалку енергија. Затоа, ние треба да ги надополнуваме почесто, што го зацврстува овој процес. Но, како можеме да добиеме точни информации за точната состојба на батеријата?

Ова е многу важно прашање бидејќи се покажа дека Apple ги намалува перформансите на iPhone-ите за поголема стабилност со претходното ажурирање, за зачувување на слабите батерии. Како што претходно објавивме во iOS 11.3 Apple ќе вклучи нов дел во менито за Settings за да можете да одлучите за забавувањето и да се информирате за статусот на Вашата батерија. Дотогаш имате неколку опции. Проверете во Console, користете апликации од трети лица или побарајте дијагностика од самиот Apple, во iSTYLE во Скопје Сити Мол.

Проверка на iPhone и iPad

Најпрвин најлесниот начин да го направите тоа е да отидете во Settings > Battery мени и проверете дали системот сигнализира дека е потребна промена на батеријата. Тоа не е 100% прецизно решение, бидејќи оваа порака е прикажана само во одредени случаи. Ако е прикажано, треба да се посети сервисот на iSTYLE!

Проверка на Console

Конзолата е претходно инсталирана на секој Mac. Се што Ви треба е lightning кабел. Поврзете го Вашиот уред со Вашиот компјутер и означете го вашиот Mac како уред од доверба. Стартувајте конзола, изберете го Вашиот iPhone или iPad и внесете клучен збор “batteryhealth” во лентата за пребарување. Листата на сите информации, третата линија го покажува статусот на батеријата, гледајќи “BatteryHealth = Good”  што значи дека се е во ред.

Проверка со апликации од други произведувачи

Што ако сакате да имате детален извештај за статусот? Постојат неколку апликации достапни од други произведувачи. Најпопуларната е coconutBattery. Таа главно се користи за дијагностицирање на батериите на Mac, но исто така работи и со iOS уреди. На резултатите може да им се верува, но тие не се еднакви како инспекцијата на производителот.

Проверка со поддршката на Apple

Ако сите методи завршиле со позитивен резултат, веројатно е дека батеријата на Вашиот телефон е во добра состојба, но може да се обратите до производителот за помош. Сè што треба да направите е да ја посетите Вашата локална поддршка од Apple, кај нас iSTYLE Service, за да Ви кажат што да направите. Поголемиот дел од времето може да се изврши дијагностика од далечина.

Исто така можете да испратите барање за поддршка на Apple на Twitter со директна порака вклучувајќи го и Вашиот сериски број на iPhone-от и тековната верзија на iOS. Тие исто така можат да ви кажат дали батеријата треба да се замени.

Ако мислите дека Вашата батерија треба да се замени на Вашиот iPhone, треба да го посетите сервисот на iSTYLE каде батериите се сега со намалена цена, односно сите батерии се по 1.990 денари со вклучени 18% ДДВ.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.