imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Човекот кој создаде игра на iPhone X одејќи на работа


Во табот Today на iOS App Store можете да видите многу различни приказни за игрите, програмерите и Apple заедницата. На овој начин е претставен програмерот кој кодира на својот смартфон кога се враќа од работа, како облик на издувен вентил…

Целосната преобразба на App Store во iOS 11 беше одлична идеја. Направија прекрасни интерфејси, се е транспарентно, сите анимации убаво одговараат. Но повеќе од тоа се крие под површината. На пример, табот Today кој е полн со сопствена содржина од Apple, како дневните игри, препораки за апликации и други приказни.

Во оваа категорија се наоѓа и делот Indie Spotlight, во кој се претставуваат различните надворешни програмери. А ако е некој достоен да биде претставен таму, тогаш тоа е Jonathan Topf. Неговите дизајнерски дела во Monument Valley 2 зборуваат сами за себе. Меѓутоа, Topf има и сопствен проект, наречен Trick Shot 2.

Играта се темели на многу едноставен концепт: треба да ја уфрлите топката во кош. Сепак, ќе ви пречат различните предмети и закони на физиката. Trick Shot 2 е лансиран пред неколку дена, а Apple имаше интервју со неговиот автор.

Се испостави дека Trick Shot 2 почна како попатен проект. Topf креираше поголем дел од игрите додека патуваше на работа до Ustwo Games, каде што работеше на Monument Valley. Можеме да заклучиме дека Topf малку е работохолик, но има совршено оправдано за тоа:

Открив дека при работа на големите проекти корисно е да се има некоја едноставна игра на која можам да работам и на некој начин да го испразнам умот. Така е полесно да се добие вистинска перспектива кога длабоко ќе влезам во проектот.

Ова е случај кога работата воедно е и хоби. А тоа не е се – кога почна да работи на Trick Shot 2, основното правило на Topf беше идеите и експериментите да бидат што поедноставно, а процесот на работа што побрз. За тоа да го постигне, смисли „висински уредник” компатибилен со iPhone и iPad, кој му овозможи инстантно да ги води белешките. Потоа повеќе немаше застанување.

Дури и самиот се зачудив колку тоа влијаеше на мојот процес на дизајнирање. Многу идеи ми дадоа самите механизми на движење кои секојдневно ги гледам. Врз основа на досегашното исксутво, знам дека најдобрите идеи ги добивам кога ќе ги пуштам мислите да лутаат, најчесто додека сум во метро или додека купувам храна. Благодарение на тоа што iPhone X е водоотпорен, еднаш успеав да довршам ниво додека се туширав…

Вградувањето на висински уредник во Trick Shot 2 беше само еден чекор понатаму, а токму тоа стана најголемата нова функција на играта. Доволни се само неколку кликови сами да изработите ниво и да го поделите со пријателите. Исто така, своите дела можете да ги делите со други играчи. Затоа нема потреба да се грижите што ќе правите кога ќе ги поминете сите нивоа.

Преземете ја Trick Shot 2 од App Store (iPhone, iPad, iMessage, 2,99 долари, содржи IAP)

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!