imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Човек кого го сметаат за iPad уметник


Не се работи за несфатен уметник кој сака неговото име да се прочуе па си даде единствена титула – David Hockney е познат и ценет уметник на денешницата. Неговото име се врзува со настанувањето на британскиот поп-арт, а никогш не се плашеше да испроба нови стилови и техники. Па, дури ни сликање на iPad.

Делата на Hockney се прилично единствени, бидејќи со секое свое дело пробува да создаде нешто целосно ново. Иако овој сликар, фотограф и декоратер влезе во осмата деценија на животот, ја користи технологијата како да е момче. Стана познат во 1980-те, благодарение на своите полароидни фотографии, но и пред тоа ја стекна титулата прв британски поп-арт уметник со своите едноставни дела со живописни бои.

Тој сам ги отфрла сите овие ловорики, и вели дека идол му е Picasso. Познат е по својата склоност за експериментариање, а делото „We Two Boys Together Clinging“ настана како графит. Исто така, неговите колажи настанати со спојување на разни полароидни слики се речиси предвесник на денесните Инста-колажи – би можеле да кажеме дека бил 30 години пред своето време.

На David Hockney светот на технологијата му е навистина близок – слика на iPad откако се претставени првите модели. Денес го користи Apple Pencil, но на почеток се служеше само со прстите. Денешната генерација ќе го памети како iPad уметник, бидејќи неговите бројни понови дела настанаа токму на таблетот на Apple.

Сепак, „iPad периодот“ на Hockney почна уште претходно, две години пред лансирањето на првиот iPad. Имено, неколку стотина слики наслика на својот iPhone, а и тие дела му се изложени. Вели дека овие уреди се одлични, бидејќи секогаш ги имате при рака , па вас ништо не ве спречува да ги изразите мислите кога и да посакате.

Ме фасцинираше, бидејќи го сметав за неверојатно визуелно средство. Ми требаше време да научам како да направам подебели и потенки линии, како да постигнам проѕирност и меки траги. Но, тогаш сфатив дека има одлични предности. […] Мислев дека iPhone е одличен, но iPad ги носи работите на сосема ново ниво – едноставно затоа што е осум пати поголем од iPhone, со големина просечна тетратка за цртање.

Hockney сака да експериментира. Своевремено проба да создава користејќи ги првите машини за чукање и факсови. Поради тоа не чуди што веднаш го увиде потенцијалот на iPhone. Сепак, не беше најудобен за користење поради малата површина екранот, па многу не се двоумеше дали да се префрли на iPad. Сепак, тоа не беше лесен потфат бидејќи екраните на првите модели не беа изразито прецизни и чувствителни на допир:

Picasso би полудел со ова. Van Gogh исто така. Всушност, не знам уметник кој не би.

Извор: Telegraph

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.