imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Чудесна појава кај iOS 11


Само шест ипол години поминаа додека Apple не го направи ова: ние сега веќе ќе можеме да ги погледнеме сите информации за било која апликација намената за Mac од нашите iPhone уреди.

Се случува и на најголемите компании да заборават да ги порават оние ситни но иритирачки работи и покрај големите и значајни проблеми. Кој го интересира што вратата од собата крцка кога треба да се замени прозорот на првиот спрат? Сето ова резултира со навика и секојдневно не обраќање внимание на малите иритирачки работи. Со решавање на оваа проблематика истата ќе исчезне од “to-do” листата.

Нормално овој пример од погоре може да се искористи и во случајот со Apple, иако тие имаат многу повеќе ресурси за разлика од едно домаќинство. Тие треба да работат на нови системи секоја година, да создаваат нови и нови категории на телефони кои ќе бидат на самиот врв, со цел да возвратат на инвеститорот со резултати. Во многу случаеви ова резултира со мали проблеми и иритирачки аспекти во системот. Една од таквите работи беше во делот на спуштање на одредена апликација и стопирањето на копчето каде се гледа прогресот за тоа уште колку останува при процесот на спуштање и инсталирање на апликацијата. Едниствена опција за да се решите од ова беше killall командата.

Во среќни околности на некој некогаш ќе му текне за оваа проблематика и ќе се впушти во нејзино решавање. Токму ова се случи кај iOS 11. Имаме еден мал но многу иритирачки проблем. Доколку претходно имавте прилика да отворите линк на iOS уред кој води до апликација за Mac во App Store, системот не беше во можност да го отвори линкот. Наместо тоа самиот систем ќе го отвореше овој линк директно во App Store каде ќе добиевте порака дека не можете да ја видите оваа апликација бидејќи е наменета за Mac.

Ова Ве става во ситуација како Вие воопшто да не сте заинтересирани да го погледнете описот или цената на самата апликација бидејќи не ја отварате преку Вашиот Mac. Ова е навистина збунувачки. Но сега со iOS 11 ќе бидете во можност да ја отворите апликацијата и да ги прочитате сите информации за истата иако е наменета само за Mac. Дами и господо ова е иднината!

Source: Cult of Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.