imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Што да направите кога iMessage не се активира


iMessage е една од најдобрите функции кај производите на Apple: перфектно работи, вградена опција е и можете бесплатно да разменувате пораки. Кога активирате нов телефон, или кога ресетирате некој што веќе го имате, некои проблеми може да се појават кога се активира оваа функција. Еве како може да ги решите тие проблеми.

Да започнеме со основните работи.

  • Најпрво, ќе Ви треба стабилна интернет поврзаност, без разлика дали е WiFi или мобилен интернет, само треба да работи.
  • Важно е времето и датумот на телефонот да бидат синхронизирани точно според локацијата на која што сте. Ова обично е направено автоматски, но доколку не е, можете да го направите во следното мени: Settings > General > Date & Time.
  • После тоа, одете во менито Settings > Messages. Ако сервисот не е активиран, ќе треба само да го активирате. Сепак, ако е активиран и не работи, тогаш деактивирајте го. Истото направете го и со FaceTime во Settings > FaceTime.
  • Рестартирајте го телефонот.
  • Во претходно споменатите менија, активирајте ги повторно сервисите.

Најчесто, Apple ги активира веднаш сервисите и тие работат правилно после тоа. Сепак, активацијата може да потрае и 24 часа, па ако iMessage не работи веднаш, само бидете стрпливи и почекајте.

Во најлош можен случај кога не можете да го активирате iMessage, ќе мора да преземете порадикални мерки: ресетирајте го Вашиот телефон преку Settings > General > Reset > Reset Network Settings. Со овој чекор ќе ги избришете сите зачувани WiFi лозинки, но нема да избришете ништо друго. Само лозинките ќе треба повторно да ги внесете.

Доколку и тоа не функционира, единствена работа која преостанува е да го контактирате контакт центарот на Apple. Бидејќи нема официјална поддршка за Македонија, може да ги контактирате iSTYLE Сервис Македонија и тие може да Ви помогнат. Или пак може да ги контактирате Apple Phone Support бесплатно преку Skype на телефонскиот број +44 0800 048 0408. Ова е телефонски број во Велика Британија, така да ќе треба да разговарате на англиски јазик.

Ако сакате да ја избришете активацијата на iMessage поради некоја причина, како на пример префрлањето на друг мобилен телефон кој не е Apple производ и не примате текстуални пораки од корисници на iPhone (бидејќи другите iPhone-и се уште мислат дека сте корисник на iPhone), тогаш следете ги следните чекори.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.