imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Што е со универзалните апликации?


Иако Project Marzipan не беше претставен на годинашниот WWDC, Apple се осврна на некои проблеми врзани за тоа. Да се биде или не? Како стојат работите? Само слушнете.

Повремено се шират вести за спојување на iOS и macOS, и тоа на ниво на Windows. А потоа не се случува ништо.

Меѓутоа, кон крајот на минатат година, еден од нашите најдоверливи извори, Mark Gurman, прошири информации дека најголемата иновација на iOS 12 ќе биде поврзувањето на iOS и macOS апликациите. Наводно тоа е наречено Project Marzipan и навистина звучеше како одлична идеја.

Еден месец пред WWDC, John Gruber истакна дека не би требало да очекуваме реализација на тој концепт пред 2019. година. Како и што видовме, беше во право. Без оглед на тоа, Craig Federighi посвети малку време на тоа прашање, што можете да видите и од видеото.

Важно е да се разликуваат поимите на спојување на iOS и macOS системите и спојувањето на iOS и macOS апликациите. Apple ја негираше првата работа, но втората (Project Marzipan) е потврдена и тоа сигурно за 2019. година. Накратко, да одговориме на прашањето од насловот:

Да, универзалните апликации пристигнуваат следната година.

Во тој контекст, универзалното значи дека развојот на двете платформи ќе биде речиси еднаков, и дека macOS и iOS апликациите ќе бидат различни само на површината. Дури и со помалку вложена енергија, можат да развијат една апликација за двете платформи, и тоа без потреба за пишување на целиот код отпочеток.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.