imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Што може еден iPhone 5s да направи во 2017 година?


Во текот на минатата недела се обидовме да откриеме какви можности има неколку години стар телефон,во споредба со последната генерација Iphone уреди и резултатите што ги добивме беа зачудувачки!

Затоа нашата денешна тема е:
Испитување на безвременската природа на iPhone 5s.

Главниот истражувач на оваа тема го користил Iphone 5s во текот на таа недела. На овој модел првично се воведени Touch ID технологијата и опцијата Secure Enclave encryption во 2013 година. И покрај тоа што се поминати 4 години Iphone 5s и понатаму е одличен телефон!
 Се појави после,исто така сјајниот Iphone 5 и освен временскиот период на траење на батеријата,што е сосема нормално имајќи во предвид колку долго е на пазарот,функционира сосема беспрекорно. Подржува softwer -wise и може да се поврзи со екосистемот.
Вреди да се спомене дека овие телефони се погодни за оние на кој телефонот им служи за разговори,пребарувања на интернет или за време на тренинг.
Iphone 5 и Iphone 5s се фантастични за објавување на овие активности. Големината е иста,а нема разлика ни во дизајнот помеѓу овие два модела, кои се покажаа посебно популарни.

w4EzGYI

Во текот на есента, 2013 година, а и подоцна ,доста се пишуваше околу тоа како Apple го направил безвременскиот уред , а сега можеби е и најдобриот момент да го тестираме тоа тврдење.
При купување на било кој од производите на Apple, купувачот ретко прво ги гледа спецификациите. Производот се бира исклучително врз основа на големина, меморија и боја. Покрај тоа, сега ни се пружи можност да го избереме и моделот што го посакуваме. Во моментот во понуда се најновата линија на Iphone 7, потоа 6s i SE,како и линијата на безвременскиот 5s.
Ова воопшто не е случајно. Од следниот текст ќе дознаеме зошто Apple сеуште ја држи оваа “стародија” во своите продавници. Пред се, ајде да погледнеме во неговите технички спецификации:
• 112 грама, нано-SIM
• 640 x 1136 пиксели резолуција на 326 ppi
• Apple А7 dual-core процесор со 1,3 GHz по јадро
• PowerVR G6430 графичка картичка
• 1 GB RAM меморија, 16/32/64 GB внатрешна меморија
• 8 MP камера со True Tone LED блиц
• 1080p 30fps и 120fps 720p можности за снимање
• 1,2 MP FaceTime предна камера
Нема што да им се објаснува на оние кои разбираат што претходните набројани податоци ни кажуваат зошто овие податоци се смешни во споредба со iPhone 7, Google Glass или OnePlus 3. Оние коишто не се разбираат во техника ,ова не треба да ги загрижува.Неможеме да кажеме дека со Iphone 5s ќе ги добиете истите карактеристики како да купувате телефон,последна генерација, но и нема да изгубите многу. На новиот уред камерата е секако подобра, телефонот е побрз,батеријата повеќе издржлива,а се ова се карактеристики без кои може да се преживее.

Дизајн, или класичен изглед на iPhone

Што се однесува до дизајнот,овде нема големи изненадувања. Имаме класичен изглед на телефон, кој до ден денес на многумина им остана омилен. iPhone SE со сигурност повеќе ги задоволил мажите, со оглед на тоа дека го задржал изгледот на iPhone 5s, со хардвертска идентичност на iPhone 6s што и не е сосема точно со оглед на тоа дека не поседува 3D Touch, а и не толку добра камера, додека останатите функции се без исклучоци.

03iphone-5s-slide-1-1024x576@2x

Помалата големина им е во предност на оние кои секојдневно го користат јавниот превоз, бидејќи тие се во можност со една рака да го користат својот телефон. Овој телефон е совршен за секојдневна употреба, бидејќи многу комфорно можете да пишувате iMessage и да ги пратите пораките на колегите, пријателите и семејството. Поради неговата големина, нема да имате проблем да го извадите или да го вратите назад во вашиот џеб. Одлична работа е тоа што може да го дополните со вашиот iPad. Сепак, гледањето на снимки преку YouTube и не многу комфорно, бидејќи екранот е доста помал во споредба со новите серии iPhone телефони.
Речиси половина од испитаните корисници веројатно не разбираат зошто големината на 5s и SE,се толку многу вреднувани и ценети. И во тоа нема ништо лошо. Овие денови чудно се посматраат и луѓето коишто не носат огромни телефони, но и тоа е сосема кул. Навиките и изборот на луѓето се променија и од таа гледна точка, тоа е сосема јасно дека и големината се променила, но за среќа, ние се уште имаме можност за избор. Добро е да се забележи дека постои простор помеѓу две генерации на iPhone 5s и iPhone SE телефони, но со оглед на огромната разлика во цената и под услов да не ви е потребна меморија поголема од 16GB, iPhone 5s е вашиот совршен избор.

Предна и задна камера

Овој модел има 8MP задна камера и True Tone LED блиц. Урбаната легенда вели:
само iPhone прави најдобри фотографии и тоа навистина е така. Камерата е погодна за секоја пригода. Што точно мислиме кога го велиме ова? Мислиме на моменти, кои не враќаат на места и настани кои се вредни за да ги споделиме со другите. Доброто осветлување е секако многу важно, но треба да се обрне внимание при фотографирање бидејќи уредот нема оптичка стабилизација. Тоа е единствениот “недостаток” на овој телефон, кога е во прашање камерата. Ако се размислува за мегапикселите, тогаш нема да бидете воодушевени со бројките, бидејќи често ќе се случи еден просечен Андроид да има подобра камера од вашиот телефон. Предната камера е 1,2 MP тоа може да се види на фотографиите. Затоа, iPhone 5s ви го препорачавме за користење на основните функции кои еден телефон може да ги понуди.

pQwfNlL-1

Што се однесува околу предната камера, iPhone 5s беше првиот телефон кој можеше да слика 120-frame slow motion iliti успорена снимка со “само” 720p. Задната камера со 1080p слика јасни и чиста слики. iPhone 5s, веројатно не е најдоброто средство за блогување, но и понатаму можете да забележите многу добри моменти,во тоа бидете сигурни.

Функциите кои сме ги заборавиле
Една од најголемите недостатоци на iPhone 5s и iPhone SE е камерата. Не содржи 4 flash LED, оптички стабилизатор на сликата, RAW формат, двојна камера и не постои можност за постојан фокус за време на снимањето. Ако често ги користите овие опции, тогаш дефинитивно ви е потребен iPhone 7 Plus ,но целта на ова истражување не е само да се оцени квалитетот на камерата, туку и останатите перформанси. Сосема е во ред тоа што за подобар квалитет на фотографиите ви е потребен некој нов модел од новата генерација,затоа што Apple направи огромен чекор кога е тој сегмент во прашање помеѓу овие две генерации.
Иако iPhone 5s не е отпорен на прашина и вода, телефонот сепак успеа да се соочи со многу предизвици. Познато е тоа е дека тој преживеал многу контакти со вода и единственото нешто што можеби “патеше” беше звучникот. Овој модел нема стерео звучници ,што и не смета толку колку што се чини. Дури и по преживеаните потопување во вода, звукот и понатаму е добар,а користењето на слушалки или Bluetooth слушалки, целосно го неутрализира секој недостаток.

01iphone_5s_apple_store_hero_0

Други опции кои недостасуваат се Haptic Feedback и 3D Touch. Во прашање се опции чијашто природа е таква што нема да ви недостига, ако никогаш претходно не сте се ги користеле.Кога е во збор, да се спомене вистината, тие се навистина добри и корисни функции, но тие никако не се од суштинско значење за функционирањето на телефон. Постојат многу корисници кои самите би сакале да го исклучат 3D Touch додека опцијата Haptic Feedback му дава можност на телефонот да вибрира при одредени операции на екранот, така што корисникот на еден пореален начин го доживува чувството на допир во интеракција со телефонот.

Функции кои се уште се тука

Една од функциите којашто и понатаму е тука е TouchID. Првата генерација на познатиот Apple скенер за отпечатоци на прсти не е бавна, иако често и неправедно е наречена токму таква. Можеби е потребно секунда повеќе за да се отклучи телефонот, за разлика од новите модели,но тоа навистина не претставува никаков проблем. Touch ID на овој телефон е прецизен и добар, и е многу корисен за отклучување на телефонот или за купување преку App Store. Apple Pay функцијата не е овозможена во сите земји, но во земјите каде што е, Touch ID ја врши и оваа функција многу солидно. Можеме да кажеме дека не постои телефон од приближен временски период како iPhone 5s, кој има слична способност со која би можел да се спореди.
Брзинометарот е вграден во процесорот,и благодарение на него,телефонот може да процени дали сте во движење или во мирување. Ова може да биде корисно за различни апликации за сообраќај или паркинг, а исто така можете да и добиете по прецизна слика за вашите движења при спортување. Apple го имал на ум ова уште во 2013 година.

Перформанси
Ако ги споредиме вредностите, сигурно е дека постои разлика помеѓу чиповите А10 и А7. Математика е едноставна, iPhone 7 е три пати побрз од 5s. Ова не значи дека iPhone 5s е бавен, туку тоа што iPhone 7 е екстремно брз. Нема да имате впечаток дека е бавен додека сте на друштвените мрежи и гледате снимки. Брзината е сосема адекватна, така што не морате да чекате премногу долго. Не сме играле премногу тешки игри, но за некои едноставни, логички i skill-based игри е совршен. Hill Climb 2 е типична игра од таа врста на игри, а причината зошто е толку комфорно да се игра е веројатно графичката картичка.Поголема е можноста проблемот да се појави за време на инсталирањето на апликацијата која не е компатибилна со нашиот уред , а сепак може да биде инсталирана. Всушност и таквиот вид на проблеми е невозможен, но добра е да се напомене дека постои одредена веројатност. Оваа 1 GB RAM меморија е сосема доволна за повеќето од вашите потреби, но и ако не е, не грижете се, бидејќи на телефонот ќе му биде потребно само малку повеќе време при стартувањето на апликациите.

dnywUMh

Заклучок

Кога ќе се вратиме во времето кога излезе iPhone 5s, еден од главните аспекти е безременоста на целиот уред.Четири и половина години подоцна, телефонот сеуште работи.Без оглед на тоа колку години се поминати софтверот е сеуште подржан.Ние можеме да кажеме дека Apple се грижи за своите корисници. iPhone 5s добро се справува со годините, а овој уред се здоби со епитетот вечност, повеќе од било кој претходен модел.Ќе продолжи да се ажурира системот, и 2019 година, освен ако не се случи некој потрес од “надмоќни размери”, иако веруваме дека Apple е поприлично предвидлив во тоа поле.

iPhone 5s можете да го нарачате на следниот линк.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!