imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Што сигурно ќе има во iOS 12? Над 150 нови емотикони!!!


Чувствувате дека тие неколку илјади emoji што веќе ги имате не се доволно? Се чувствувате несфатено поради недостаток на емотикони со кои би можеле да ги изразите своите чувства? Сега му дојде крај на тоа!

Конечно! Вчера Unicode Consortium најави дека ќе го прошири изборот на emoji со 157 нови емотикони. Во ред, ќе го прошират со 77 различни ликови, бидејќи денес секое лице е достапно барем во три различни бои на кожата, па може да дојде до неколку дупликати.

Emoji 11.0 ќе донесе многу – револуционерни – иновации. Ќе има многу нови фризури: портокалови, виткани, пробелени, ќелави, млади – се што би можеле да посакате. Жешко и студено, superman и superwoman, како и злосторници. Плетење и шиење, играње шах и скејтбординг. Нови животни како кенгури, папагали, лами, водено коњче и ракуни. Оброци како што се пециво, манго и мафин, предмети како противпожарен апарат, испитни цевки, тоалетна хартија и сунѓери. И уште многу, многу други чувства и дејствија. За повеќе информации, погледнете го видеото на Jeremy Burge од Emojipedia.

Emoji 11.0 ќе биде дел од Unicode 11.0 изданието кое ќе биде издадено во јуни оваа година. Производителите имаат навика да ги применуваат новитетите на своите уреди со доцнење од 1 до 2 месеца; така што новиот сет лица ќе го имаме најверојатно во август или септември. Можеби како дел од iOS 12.

Емотиконите не ги развива Apple, туку Unicode – компанијата од Купертино само ги имплементира најновите стандарди кои ги вклучуваат emoji.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.