imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Ќе го засакате iOS 12 поради оваа опција


Доколку немате iPhone со 3D Touch екран и притоа секогаш сте биле љубоморни кога ќе слушнете некоја приказна за опциите кои ја трансформираат тастатурата во “trackpad”.
Во тој случај имаме одлични вести.

3D Touch екраните кај iPhone со нас се веќе 4 години. Како и да, без обзир на тоа што оваа опција крие многу поголем потенцијал, истата не се користи многу – во еден од артиклите од претходната недела објаснивме зошто. Што значи, доколку преку ноќ оваа опција ја снема од нашите мобилни телефони најповеќе ќе ни недостасува една работа:

Управувањето со лентата за навигација под притисок на прст.

Несомнено се работи за најдоброто подрачје во поглед на употребата на iPhone. Но, што се случува со оние уреди кои неможат да го поддржат овој трик? Преостанува само бес!?! Се до претставувањето на iOS 12. Имено од септември сите уреди ќе ја имаат оваа опција.

Не се работи за ништо комплицирано, едноставно само подолго време ќе треба да притиснете на лентата за оставање на простор помеѓу зборовите. Сепак во овој момент само една работа не е ни е јасна, зошто толку долго време требаше да го чекаме овој след на случувања односно надоградувања бидејќи не се работи за претерана иновација која неможе технички да се спроведе. Сепак како што сите знаеме “Подобро било кога отколку никогаш”.

Дали сме сега задоволни?

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!