imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

10 совети за Safari на iOS


Го користиме Safari секој ден. Интернет пребарувачот на Apple има голем број на функционалности кои не се познати на сите, но доколку ги знаете, гарантираме дека ќе ги користите секојдневно. Ние ќе Ви ги покажеме нашите 10 омилени функции.

1. Отварајте ги апликациите like a boss

Да започнеме со едноставен трик кој можеби го знаете веќе. Ако користите force touch на апликација која има овозможено 3D Touch (6s и понови), тогаш ќе прескокнете неколку чекори во процесот додека ја отварате апликацијата. На pop-up менито, можете да изберете да отворите нов табулатор со или без приватно пребарување, Вашите зачувани страници или пак Вашата листа за читање.

01_ten_tips_for_ios_safari
2. Прегледување на линкови

Кога веќе зборуваме за 3D Touch, еве уште еден трик. Додека читате статија, гледате линк кој Ви изгледа интересен за читање. Ако притиснете малку посилно врз линкот, ќе Ви се појави малечок прозорец. Ако Ве заинтересира статијата, притиснете уште малку посилно и Safari ќе ја отвори статијата веднаш. Доколку не Ви се допаѓа, само тргнете го прстот од екранот и ќе можете да продолжите со читањето на претходната статија.

02_ten_tips_for_ios_safari
3. Сочувајте ги веб страниците како .pdf

Има две опции. Првата е полесна, односно “Save to PDF to iBooks” во “Share” менито. Но, споделувањето од iBooks не е така лесно, па така друга програма за прегледување на .pdf документи може да биде корисна.

Втората и потешка опција е да изберете “Print” во “Share”. Сега ќе ја видите статијата поделена во страници за принтање. Можете да ги изберете тие што сакате да ги имате во финалниот документ со штиклирање на страниците. Потоа, притиснете со 3D Touch на било која страница и избраните страници ќе се појават во PDF прегледувач. Сега можете да ги споделувате документите како сакате. Можете дури и да ги испратите на Mac преку AirDrop.

03_ten_tips_for_ios_safari
4. Притиснете подолго

Во глобала, сите копчиња имаат додатни функции доколку ги притиснете подолго. Доколку го притиснете копчето Bookmarks, ќе Ви се појави додатно мени со некои додатни опции како Reading List, Shared Links или Bookmarks. Со користење на tab switcher можете да отворите нов табулатор или пак да затворите. Копчињата за Back и Forward исто така имаат скриени функции. Навистина вреди да ги испробате сите копчиња.

04_ten_tips_for_ios_safari

Освен копчето Share, кое е едноставно и нема додатни опции.

5. Пребарување во отворени табулатори

Можете да имате отворени табулатори колку Ви душа сака во iOS 10. Помалку организираните луѓе, имаат склоност да имаат повеќе отворени табулатори за да ги читаат подоцна. Кога ќе најдат некоја интересна статија, мора да поминат низ повеќе отворени страници. За среќа, Apple мислеше и на овие луѓе и додате Search bar во Safari за побрзо пребарување.

Само треба да го притиснете tab switcher во долниот десен агол и да го свртите хоризонтално Вашиот iPhone (се разбира, доколку ја имате активирано опцијата Portrait Orientation). Табулаторите ќе бидат во мод за прегледување и лентата за пребарување ќе се појави во горниот лев агол. Можете тука да внесете било кој клучен збор.

05_ten_tips_for_ios_safari
6. Пребарувај со десктоп поддршка

 
Тоа е огромна предност доколку одговара на самата веб страна, но би било одлично доколку може да се пребарува и на самиот сајт, исто како што прегледувате на Вашите десктопи. Во главно ова работи во случај на монструозни големи таблети, како 12,9″ iPad Pro. За да го направите ова, постојат две опции.
 
Ништо не оди во крајност, само отворете го менито “Сподели” и ќе го најдете копчето Пребарување како Десктоп сајт. Ако би сакале да имате експертски пристап, притиснете освежи (Refresh) подолу на паѓачкото мени, и изберете пребарување десктоп сајт.

06_ten_tips_for_ios_safari
7. Пребарување во текст

Можеби нема ништо што повеќе нервира од тоа да прегледувате веб страна со огромна содржина по милионити пат и да не можете да го пронајдете вистинскиот збор во реченица. Можеби ќе посакате да имаше опција CMD + F за iOS. Иако не можете да додадете ваква функција во iOS, имате две опции за пребарување во текст.
Првата е да започнете со пребарување во лентата за пребарување. На паѓачкото мени ќе пронајдете “On This Page” секција во која што има бројка на совпаѓања на пребарувањето во загради. Со притискање на нив, пребарувањето ќе оди низ страната. Втората опција е да побарате “Find on Page”  во “Share”  менито. (Apple сигурно треба да го смени називот на ова мени во нешто друго, бидејќи има многу функции тука).

07_ten_tips_for_ios_safari
8. Вграден RSS читач

Претходно споменатото “Shared Links”  во iOS е во суштина RSS читач. Отворете ја страната која сакате да ја следите и притиснете ја Bookmark иконата. Во горното мени, одберете го “@” табулаторот. Ова е “Shared Links”. Притиснете “Subscriptions”  во долниот десен агол и потоа изберете “Add Current Site”. Ако се е во ред, притиснете Done. Проверете во било кое време и во “Shared Links” и ќе ги најдете најновите вести тука.

08_ten_tips_for_ios_safari
9. Копирај и пребарај веднаш

Ако копирате линк од e-mail, можете да го направите следното: Направете Paste во лентата за пребарување и притиснете “Search”. Иако не е комплицирано, постои побрза опција. Притиснете подолго на лентата за пребарување и изберете “Paste and Go”. Safari веднаш ќе го отвори линкот.

09_ten_tips_for_ios_safari
10. Далечинска контрола на табулатори

Во идеална ситуација, користите повеќе од еден Apple производ. Во најидеална ситуација, користите Safari на сите уреди. Знате дека за екосистемот тоа е корисно. Ако му дадете на екосистемот тоа што му треба, тој ќе биде добар со Вас.

Во овој случај, можете да ги менаџирате табулаторите на сите уреди. Да појасниме како се користи на iOS: ако го притиснете tab switcher, на дното на прозорецот ќе Ви се појави лента со икона во облик на облаче и името на Вашиот компјутер ќе се појави. Со отварањето на оваа лента, ќе ги видите сите отворени табулатори на сите Apple уреди.

Ако ги одберете, можете сите да ги прегледате на Вашиот iOS уред или пак далечински да ги затворите. За да го направите тоа само пролизгајте лево на табулаторот и притиснете Close.

10_ten_tips_for_ios_safari

Знаете некој друг одличен Safari трик? Слободно споделете го со нас во делот за коментари подолу.

Извор: AppAdvice 1, 2

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!