imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

10.5” iPad Pro тест


Минатиот петок, го добивме на тест новиот 10.5” iPad Pro, што значи дека го имавме пет дена. Дури и после првите пет минути, пробавме да смислиме каков вид на увод би требало да напишеме за овој тест и кои зборови да ги употребиме за накратко да резимираме каков е новиот iPad Pro. Испадна дека за овој производ можеме да зборуваме само во суперлативи. Ова е најдобриот iPad било кога направен, нема сомневање во тоа. Или, да бидеме поточни, овој iPad сега е во облик во кој секогаш требало да биде. 

Можеби веќе подолго време сте сопственик на iPad. Се работи за многу згодна алатка која ја имате дома, а и многу полесен е за корстење од преносен компјутер. Исто така, надградбата не е обврзна: можеби имате iPad 4 и не чувствувате потреба да преминете на понов уред, иако се побрзи и потенки, имаат подобри екрани, а да не го споменуваме Split View. Сите овие работи можеби сега направија разлика за вас: да се има iPad 4 е сосема задоволувачки, дури и ако се работи за 5 години стар модел. Сепак, сега имаме 10.5” iPad Pro и мораме да бидеме искрени, можеби е време да го надградите вашиот уред, а можеби ќе бидете затекнати дека тоа сакате да го направите. Во овој текст, најпрвин ќе зборуваме за главните надградби, а потоа ќе имаме малку субјективно мислење за овој производ.

Надворешен изглед

10.5” iPad Pro на прв поглед многу не се промени. Малку е поголем од 9.7” модел, но можеби тоа дури нема ни да го забележите кога ќе го извадите од кутијата, иако станува прилично очигледно кога двата уреда ќе ги ставите еден покрај друг. Поради многу потенките рамки, 20 проценти поголемиот екран би можел да се вклопи во куќиштето со оваа големуна. Камерата повторно е испакната на задната страна како кај претходниот модел, но за возврат, сега е подобра. Дебелината е иста, изнесува 6,1 милиметри, 1 мм потенок од iPhone 7.

Звучниците можат да се пронајдат на врвот и на дното, баш како и кај претходните генерации: гласни се и звучат добро, но отприлика тоа е тоа, нема ништо друго што би можеле да кажеме за нив. 10.5” iPad Pro е достапен во четири бои, а ние ја имавме rose gold верзијата на тестирање. Запрепастувачки е тенок и лесен во споредба со iPad 4, но тоа можеби и не е големо изненадување за оние кои ги имаат поновите iPad модели.

Екран

Ова веројатно е највозбудливиот дел од новиот iPad Pro. Резолуцијата кај помалиот модел изнесува 2224 x 1668 пиксели, што не изгледа како голема разлика, но и натаму можете да ја почувствувате. Тоа е истата True Tone технологија како и во претходниот модел: на почеток, ова може да изгледа малку чудно, но можеби ќе чувствувате дека ви требаат барем уште неколку обиди да се навикнете. Дури и би можело да ви се допадна и воопшто да не ви пречи.

Меѓутоа, правата нова функција е брзината на освежување од 120Hz која е наречена ProMotion – и навистина, за ова можете да говорите само во суперлативи. Apple стави огромен акцент на оваа функција во текот на демото и помисливме: добро, добро, можеби ако обрнеме внимание, ќе можеме да ја забележиме. Тоа не беше случај. Кога ќе почнете да се движите низ некоја страница, веднаш ќе ја забележите. Се се чини пофлуидно и континуирано, а можеби посебно ќе ја забележите ако се вратите на уред што ја нема оваа технологија. О да, лесно се навикнува човек на добри работи. Ова е такво типично подобрување: немаме поим дали го сакаме или не, се додека не го испробаме, а потоа се што можеме да прашаме е зошто секогаш не бил дел од уредот.

Apple Pencil исто така реагира побрзо благодарејќи на брзината на освежување од 120Hz. Не можеме да кажеме ништо лош за неговото време на одзив бидејќи беше доволно брз, но сега, едноставно се чини малку побрз. Иако вистина ова се појавува само во изворните апликации – за сега? – поради што не можевме да уживаме во брзината во апликацијата Paper на FiftyThree, но изгледа еднакво брза во Pixelmator. Би можело да биде дека само ние имаме чувство дека е малку побавна.

Перформанси

Слушнавме дека iPad Pro е брз, и дека е доволно брз да ги надмине постарите MacBook Pro модели. Па, 6-јадрениот A10X (со 3 економски и 3 исклучително брзи јадра) навистина ги исполнува сите очекувања. Не знаеме дали постои процес што би можело да го “замрзне” iPad Pro, тоа не успеавме да го постигнеме во текот на тестирањето, иако е точно дека знае да прикаже 3D предмети, поради што тоа не го ни пробавме. Спроведовме некои основни Geekbench тестови кои завршија со резултати што можете да ги видите на сликата, па 2.32GHz A10X има прилично импресивна компјутерска и графичка изведба. Тоа, секако, беше синтетички тест, но iPad Pro се чини екстремно брз дури и во текот на секојдневната употреба – 4GB RAM исто така игра голема улога во тоа.

Apple го подигна внатрешниот развој на чиповите на никогаш претходно видено ниво. Ако погледнеме дека излегоа со својот прв самостојно развиен процесор пред отприлика 7 години, одеднаш станува запрепастувачки подвигот колку перформанси би можеле да стават во процесорите од A серијата. Ако го пропуштивте Affinity Photo демото во текот на WWDC, се исплати да се погледне бидејќи е прилично импресивен. Да не заборавиме дека се работи за телефонски процесор што се наоѓа во 6 мм дебелото куќиште – едвај стана жежок во текот на тестот.

Камера

Нема многу работи што можеме да ги споменеме за камерата. Ставија 12MP камера на задната страна со оптичка стабилизација на сликата: создава навистина добри фотографии и можеби ќе ве доведе во расположение да фотографирате со iPad, но искрено, колку смешно изгледа тоа? Сепак, може добро да ви дојде при скенирање на документи. Можете да снимате видеозаписи во 4К резолуција со 30fps. FaceTime камерата е 7MP со 1080p снимање видеозаписи.

iOS 11

Иако iOS 11 се уште не е претатставен (очекуваното издавање е некаде во септември), не можевме да се воздржиме – ја инсталиравме првата развојна беѕа верзија на 10.5” iPad Pro. Новите функции претставени во iOS 11 првенствено се однесуваат на iPad и исто така е очигледно дека новите iPad Pro модели се посебно создадени имајќи го на ум новиот оперативен систем. Можеме дури да кажеме дека вобичаениот хардвер-софтвер систем на Apple го постигна својот врв со ова спарување.

Не сакаме да одиме во детали со опишување на iOS 11, затоа што овој тест првенствено е за iPad, а не за самиот оперативен систем. Сепак, благодарение на нивиот iOS добиване толку многу што мораме да зборуваме за него. Dock и Drag & Drop можеби ви се познати од WWDC презентацијата, но тоа беа првите функции што ги испробавме. Познати се, но сепак чудни: основите се очигледно исти како во случај на било кој друг оперативен систем за десктоп компјутери, но ова е оптимизирани за ‘multi-touch’. Вреди да се користат двете раце, можете да ја држите сликата со една рака, даго повлечете мултитаскингот или dock-ot со другаta, а потоа да ја ставите сликата каде што сакате.

Во основа, можете да земете било што: текстот под сликата, белешки, контакти, фајлови, локации, односно на се што можете да се сетите. Ќе морате да се навикнете на овој нов интерфејс, но ја прави работата на iPad толку удобна што тоа не можеме да го опишеме со зборови.

Сега кога сме на работа, вечната дебата за тоа дали iPad може да го замени десктоп компјутерот од оваа перспектива.  Нема сомневање дека може да го замени преносниот компјутер за прегледување на интернет, Facebook, YouTube и други слични работи дома, бидејќи тоа го направи во животите на многу луѓе. Тоа ни сега не е многу поинаку: во одредени случаи, може да замени лаптоп. Сепак, имаме наши примери зошто не може, на пример како оној дека не може да покрене одредени софтвери и работи слични на тоа, и да, има многу такви случаи во кои не може да замени лаптоп.

Истовремено, има многу луѓе на кои iOS 11 може да им донесе ПРОМЕНА. Извршувањето на повеќе задачи од една се разви на големо, а Drag & Drop спасува животи. Apple можеби не ни цели на старите корисници, затоа што е тешко да се навикнат на сосема нов систем, туку на новите корисници кои дури сега почнуваат. Не можете да користите iPad во секое работно опкружување, но таму каде што можете, би можел да биде многу подобар избро, дури и поради својата големина – тука забележавме една голема разлика помеѓу двете големини – двете апликации на целиот екран, во вертикалниот поглед во Split View може да се сместат една покрај друга само на 12.9” модел.

Да кажеме уште неколку зборови и за едукацијата. Одлично е да се запишуваат белешки на iPad дури и со рака, и има многу мали карактеристики што ви помагаат со тоа. На пример, ако допрете заклучен екран со Pencil, веднаш ќе се отвори Notes апликацијата, и можете веднаш да почнете со пишување. Го препознава вашиот ракопис, и ќе го индексира во Spotlight – се додека не користите буква со акцент, бидејќи се чини дека оваа опција е достапна само за англискиот јазик. Да не заборавиме на новата софтверска тастатура која исто така е прилично кул, повлекувањето надолу за да дојдете до броевите и другите знаци би можело да го направи пишувањето многу побрзо.

Заклучок

Нема веќе да одолговлекуваме, тестот и вака е дол. Новиот iPad Pro е сигурно најдобриот iPad некогаш направен. Исто така е сигурно најмоќниот таблет било кога – целиот хардвер, од екранот до процесорот, скоро сите се во категоријата „предобро за да биде вистинито”.

Ако имате постар iPad и се уште не сте го замениле затоа што немаше надградба што би ве навела на промена, тогаш ова е ваше време. Ако само сте размислувале за купување на iPad и ви требаше малку (или многу) буткање, ова исто така е ваше време. Сепак, важно е да се нагласи дека правата сила која ја има овој ѕвер ќе се покаже кога ќе излезе iOS 11. Сигурно можете да ја тестирате бета верзијата, но во оваа моментна програмерска бета верзија има многу грешки (иако не ја прават невозможна секојдневната употреба).

Единствената работа која може да ве задржи е цената. Почетната цена на 10.5” 64GB iPad Pro е 730 евра, што се многу пари. Ако ја купите тастатурата, Pencil и едноставна футрола за него, скоро ќе ја достигнете цената на МacBook Air. Меѓутоа, во основа добивате многу посилен уред за таа цена – иако нема смисол во оваа споредба, бидејќи еден уред може подобро да му одговара на еден корисник, додека другиот може подобро да му одговара на другиот. Иако цените на iPad Pro се прилично одлични во споредба со цените на iPhone 7. Се шокиравме кога ги видовме цените на iPad Pro по WWDC, но сега кога имавме прилика да го користиме неколку дена, мораме да кажеме дека навистина вреди за парите што треба да ги дадете. Ова не е само основен iPad, ова е iPad Pro.

Тоа ќе биде „Instant Get” производ по излегувањето на iOS 11. iPad конечно оживеа.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!