imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

12.9-инчен iPad Pro 2018 – Дали се уште ни треба компјутер? | ТЕСТ


Дали iPad со овој нов дизајн, нови функции и нови додатоци успеа да дојде до фазата да може да го замени компјутерот? Па, знаеме дека одговорот на Apple на ова прашање е „да“. Но, што ни вели корисничкото искуство?

Моментно живееме во времето на третата генерација на iPad Pro. Првата генерација пристигна во два дела: најпрвин поголемиот, 12,9-инчен модел дебитираше во есента 2015. година (во тоа време беше најголем iPad), а потоа следуваше помалиот, 9,7-инчен модел во пролетта 2016. Отприлика една година подоцна, летото 2017. година, пристигна следната генерација – во таа прилика беа претставени два модела со различни големини. И сега, малку повеќе од една година, со радост ја претставуваме најновата генерација на iPad Pro. Меѓутоа, она големо прашање и натаму важи:

Дали и натаму ни е потребен компјутер или iPad Pro со време би можел да ги замени лаптопите?

Знаеме дека тоа всuшност е и целта на Apple. Всушност, тоа им е мотото уште од претставувањето на оваа линија производи. Објавија цела низа реклами на таа тема, но веројатно највпечатлива е онаа во која се појавува прашањето „Што е тоа компјутер?“.

Секако, можно е дека отидоа малку предалеку, но ние одлучивме подлабоко да влеземе во таа тема. Затоа ја земавме првата генерација на iPad Pro со iOS, Apple Pencil и Smart Keyboard, и пробавме да го замениме лаптопот. На сите кои сакаат да го пробаат истото, топло им препорачуваме најпрвин да ги прочитаат нашите искуства, бидејќи заклучивме дека iPad можеби би можел да го замени лаптопот во некои ситуации. Можеби. Ако.

Меѓу бројните ограничувања кои ги набројавме, истакнавме дека iOS не е macOS, и дека таа транзиција е поскапа варијанта (бидејќи со уредот треба да ги купите и сите додатоци). Искрено, не дојдовме до конечен одговор, но бевме на мисла дека iPad не може да го замени лаптопот. Меѓутоа, во меѓувреме стигнавме до iOS 12 и две генерации понапреден iPad Pro. Затоа сега се прашуваме:

Дали ова е онаа генерација која навистина во целост би можела да замени лаптоп?

Да тргнеме од почеток

Пред да пробаме да дадеме одговор на тоа прашање, да фрлиме око на сите новитети кои ги донесува iPad Pro 2018 во однос на претходните генерации. Па, има многу промени и тоа во разни аспекти. Нема да ги набројувам ситните промени, туку ќе се насочам на најважните работи.

Екранот сега е врамен со значително потенки рамки. Не толку тенки како на iPhone, но промената во однос на претходните генерации е повеќе од воочлива. Благодарение на тоа, големината на куќиштето можеше да биде намалена. Кога почнаа да кружат првите предвидувања врзани за дизајнот на уредите, се јавија редовните паничари:

Како ќе можам да го држам, ако со прстот постојано го допирам екранот?! Apple е готов!

Веднаш ќе ве смирам: во текот на седумдневното тестирање на iPad Pro, ниту еднаш не ми се случи нешто случајно да допрам на екранот или да имам било каква ненамерна интеракција со него. Иако рамката е тенка, уредот лесно се држи во раке, а сите несакани допири и потези се спречени на софтверско ниво. Поради тоа, нема потреба тоа да ве загрижува.

Постои уште една значајна промена во дизајнот. Алуминиумското куќиште е многу тенко, со квадратни рабови и достапно во вселенско сива боја. Во ред, за вкуосвите не се расправа и на некои корисници ваквите рабови нема да им се допаднат, но за мене ова е ВРВ на дизајнот. Одлично е чувството да се држи таблетот во раце и само да се ужива во него, да се допира и едноставно да се користи. Мене ми изгледа одлично, не им пречи на рацете и има најубав дизајн досега.

На крајот, да не заборавиме на доаѓањето на Face ID. Препознавањето на лицето веќе многу пати е докажано, а идентично лесно се употребува и на iPad, како и на iPhone. Исто така, еднакво е брзо и ефикасно. Најдобро е што функционира и во двете ориентации, па не треба да го кривите вратот како расипан був.

iPad = Лаптоп?

Меѓутоа, главното прашање не е колку овие промени се добри, туку колку тие можат да придонесат за израмнување на iPad и лаптоп. Па, искрено, ни оваа генерација не е посебно успешна во тој поглед. Замената на заоблените рабови со квадратести не го прави овој уред поссодветен за посериозна работа. Ниту замената на Touch ID со Face ID нема влијание на тоа. Да, тоа се забавни и пријатни промени, но не се револуционерни и лаптопите нема да бидат закопани поради нив.

Сепак, кога уредот го користиме во комбинација со Apple Pencil и Smart Keyboard, напредокот се чувствува. Двата овие додатока значително напредуваа. Apple Pencil 2 успеа да ги исправи сите недостатоци на првата генерација, а благодарение на управувањето со гестови, извршувањето на задачите е многу потечно. Покрај тоа, употребата на Smart тастатурата е сосема пријатна, евентуално недостасува позадинското осветлување на копчињата.

Многу важна промена е дека Apple додаде магнети на iPad Pro и на неговите додатоци, па сега многу лесно можеме да го прицврстиме и пенкалцето и тастатурата на таблетот. Можеби тоа се чини небитно, но тоа значи дека сега сите додатоци за iPad се веднаш достапни, и се речиси дел од самиот уред, како тастатурата на лаптопот. Тоа е дефинитивно чекор поблиску до замена на лаптопот со iPad.

Инаку, сега сите додатоци за новиот iPad Pro се поврзуваат преку USB-C портот, а не Lightning конекторот. Дури можеме да поврземе и надворешен екран. Значи, уште еден позитивен чекор до замената. Морам да додадам дека преку тој порт можеме да го полниме iPhone и Apple Watch. Тоа е уште една работа која досега ја можеше само лаптопот. Ете, стигнавме и до третата точка која води кон замена на лаптопот со iPad.

Да не заборавиме деке сега веќе стигнавме до iOS 12, со што целото корисничко исксутво е значително подобрено. Извршување на повеќе задачи во исто време, управување со фајлови, dock и уште многу работи. Тоа се се важни работи кои многу ја олеснија работата на таблетот.

Натаму, iPad има поиздржлива батерија од лаптоп, речиси идентично моќен хардвер, попреносен е и има одлични додатоци благодарение на USB-C портот, како и систем кој отвора можности за деловно користење, а не само употреба за забава. Звучи ветувачки, зарем не?

Па да, но тоа и натаму не е доволно. Дури и кога би сакал да го користам iPad за работа цел ден, не би можел. Не е проблемот во самиот таблет, туку во iOS. секој труд паѓа во вода, бидејќи мобилниот оперативен систем едноставно не е доволен. Добро, би можел да напишам текст без проблеми. Но, јас се занимавам и со посложени задачи, на кои годинашниот iPad Pro, сепак, не им е дораснат.

Значи, таблет уредите на Apple и натаму не можат да го заменат лаптопот како работен алат. Да, поблиску сме до таа цел, но се уште сме далеку од тоа. Од друга страна, што е со нашите љубени лаптопи? Како тие ни користат дома, кога ги употребуваме за забава?

Па, би се осмелил да кажам дека iPad Pro е подобар во тој поглед. Совршен е за гледање филмови, сурфање, играње игри, допишување, па дури и читање. Да, iPad Pro е совршен за такви работи, но за истото тоа ни е доволен и обичниот iPad.

И токму тоа е основниот проблем на овој производ: едноставно не ми е јасно за кого е наменет. Очигледно не може да го замени лаптопот, а неуспешен е и во замена на стандардниот, забавен iPad. Некако ми се чини дека од него профитираат оние корисници на кои Apple Pencil име е незаобиколен алат за работа. Значи, графичарите и фотографите.

Сепак, немојте погрешно да ме сфатите, се заљубив во годинашниот iPad Pro на прв поглед. Дизајнот ми е прекрасен, екранот и Face ID одлично функционираат, а Apple Pencil и Smart Keyboard ги подигаат работите на следно ниво. Навистина чувствувате дека во раце држите врвна технологија, па да ги нема набројаните недостатоци, веднаш би го избрал како свој омилен уред.

Меѓутоа, неговата почетна цена малку би е одбојна – имено, таблетот, Apple Pencil 2 и Smart keyboard заедно чинат колку најосновниот модел на MacBook Pro. Со оглед на тоа дека не може да го замени лаптопот, тоа е добра инвестиција само за оние корисници кои такво нешто можат лесно да си приуштат или пак за оние кои овој алат го сметаат идеален за работата со која се занимаваат.

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.