imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

17 неверојатни iOS функции за кои Apple се уште не зборуваше


Иако годинашниот WWDC траеше два и пол часа, Apple очигледно немаше доволно време за да претстави се на сцената. Во овој текст ги собравме сите iOS 11 функции кои не беа споменати на презентацијата, а сепак би можеле да бидат важни или интересни.

Сега можете да комуницирате со Siri преку пишување

Знаете ли за онаа незгодна ситуација кога би сакале да ги употребите можностите на Siri, но навистина ви е незгодно да зборувате во вашиот iPhone додека се наоѓате во автобус полн со луѓе? За среќа, од сега па натаму, асистентот можеме да го прашаме било што преку пишување, па поради тоа отсега можете да ги избегнете за сите незгодни ситуации.

Вграден скенер на QR код

Многумина од нас всушност никогаш не се наоѓаат во ситуација кога треба да го скенираме QR кодот, но сепак, никогаш не се знае. Кога и тоа да се случи, или сте го преземале QR скенерот од App Store, или едноставно тоа сте го оставиле. iOS 11 конечно донесе решение за тој проблем, изворната апликација на камерата отсега ќе може да препознава QR кодови.

Пишување со една рака

Имаме опција за користење на тастатури од трета страна уште од iOS 8. Единствена причина поради кој многу луѓе користат друга тастатура, а не изворната е затоа што решението на Apple е малку неудобно за пишување со една рака ако користите уред со Plus големина. Отсега, ако кликнете на иконата на глобусот на тастатурата во iOS 11, ќе можете да ја повлечете виртуелната тастатура лево или десно, што ќе им го олесни користењето на оние корисници кои немаат раце како кошаркарите за да пишуваат на огромен телефон.

Мала промена во дизајнот

Интерфејсот на системот исто така е малку преуреден, иако ништо премногу монументално не е променето. Размислите за ситните функции како здебелените насловни ленти и броеви на тастатурата, како и одредените елементи на контактите и FaceTime. Текстот на заклучениот екран исто така е здебелен, круговите околу броевите повеќе немаат бела граница, а се изгледа малку поинаку. Освен ова, се заиграа и со неколку системски апликации.

Прилагодлив контролен центар 

Контролниот центар е сосема нов. Ќе работи како посебна страница на целиот екран. Сето тоа ќе изгледа поинаку, од прекинувачот до копчињата. Уште поважно, ќе можете да прилагодите се во Поставките и да додадете кои апликации и копчиња сакате да ги видите во вашиот Контролен Центар.

Да, тоа значи дека исто така ќе можете да додадете прекинувач за мобилни податоци!

Мноштво од други опции исто така, се почнувајќи од Low Power до Apple TV прекинувач. Многу корисници оваа го чекаа.

Автоматски избришете некористени апликации

Во поставките можете да поставие начин на одржување кој автоматски ќе ги избрише апликациите што не сте ги користеле подолго време. Секако, пподатоците за аликацијата и натаму ќе се чуваат, така што лесно се ќе можете повторно да поставите.

Оптимизација на складирање

Сега кога сме кај складирањето: менито кое беше наречено “Storage and iCloud Usage”  во Системите ќе биде едноставно наречено “iPhone Storage” во иднина. Ќе ја видите веќе познатата шарена лента која всушност е она што го јаде вашиот простор; ќе пронајдете неколку опции за оптимизација како бришење на старите iMessage разговори или големите додатоци. Тука исто така ќе можете да поставите дали вашите пораки ќе бидат синхронизирани на сите уреди или не.

32-битните апликации се готови

Не е всушност функција, но важно е да се спомене. Како што претходно пишувавме, iOS 11 во потполност ги исфрлува 32-битните апликации. Ако имате таква апликација на својот телефон, системот нема да може ни да ја отвори.

Редизајнирани поставки

Менијата во поставките исто така се малку реструктуирани. Siri и сите опции на пребарување добија одвоени картички: на пример, тука можете да одредите на кои апликации може да им пристапи асистентот. Второто ново мени ќе биде Accounts & Passwords каде ќе можете да управувате со iCloud и Mail сметките, како и до лозинките сместени на Keychain. Поради тоа картичката е заштитена со лозинка. Освен тоа, Safari доби нови опции на поставување, така што можете да ја овозможите новата Try to Prevent Cross-Site Tracking опцијата, која ќе проба да ја спречи веб-страницата од следењето на нашата активност.

Panic Mode

Опцијата на SOS во случај на нужда исто така е сместена во поставките. Ако го озвоможите Auto Call, тогаш кога ќе го притиснете копчето за вклучување пет пати по ред, iPhone автоматски ќе повика 112.

Автоматско пополнување лозинки

Исто така, отсега ќе можете да ја користите опцијата на автоматско пополнување лозинки во апликациите од трета страна.

Запирање на надградбата

Кога системот ќе препознае дека батеријата е едвај наполнета, автоматско ќе го запре преземањето како синхронизација на сликите или ажурирање на апликациите.

Drag & Drop сега на iPhone

Оваа нова функција на многумина ќе им биде важна на iPad уредите, но исто така ќе биде достапна и на iPhone со ограничени можности во одредени апликации. Ова нема да биде опција на целиот систем, ќе можете да и пристапите во неколку апликации, поради тоа е под знак прашање колку ќе биде корисна. Сепак, подобро е да ја имате, отколку да ја немате.

AirPods поставки

Ќе можеме да поставиме различни функции на левата и десната страна на AirPods во iOS 11, најголема радост за сопствениците на AirPods. На пример, можете да поставите кога ќе ја допрете левата страна два пати, Siri да биде овозможена, но ако ја допрете десната страна два пати, можете да паузирате или стартувате што и да слушате. Исто така, можете да поставите префрлање помеѓу песните наместо Siri. Магија.

Снимање на екранот

Многумина веројатно нема да ја користат оваа опција, но за оние кои сакаат, може да им биде од голема помош тоа што можат да почнат да го снимаат дисплејот на својот iPhone преку опцијата на која можат да и пристапат во Контролниот Центар. Ако ова работи добро, сигурно ќе го употребиме за да илустрираме некои текстови.

Автоматски поставки

Скоро да не можеме да поверуваме дека ова е можно, но сепак е. Ако поставувате нов iOS уред, магично можете да ги добиете поставките ид друг уред во текот на првиот водич за поставување, не само од сигурносната копија. Сериозно, морате само да го држите својот уред блиску до друг iPhone, и ќе почне да ги презема лозинките, поставките и работите од другиот телефон. Тоа е навистина кул, иако се сомневаме дека има многу луѓе кои одат наоколу со два iPhone уреда.

Сиромав темен начин на работа

Сите оние кои го чекаа доаѓањето на темниот начин на работа, Dark Mode на iOS веќе подолго време (вклулувајќи не и нас) се веројатно разочарани, повторно: оваа функција едноставно не сака да се додаде на iOS. Прилично добра алтернатива би можела да биде новата фукција што е додадена во Опциите на пристапност наречена Smart Invert. Ова ќе ги сврти боите на уредот, така што белото ќе стане црно, но нема да влијае на медиумските содржини, на пример со фотографиите или видеозаписите. Секако, тоа не е совршено решение, нема сите UI елементи да изгледаат така убаво кога ќе бидат свртени, но половина лев е подобро од ништо.

Секако, ќе дознаеме повеќе детали за функциите на iOS 11 кога програмерите ќе влезат подлабоко во првите бета изданија. Кога ќе има нешто интересно за што не сме слушнале, дефинитивно нема да пишуваме за тоа.

Мал потсетник: новиот iOS ќе биде компатибилен со следните уреди: Phone 5s, SE, 6, 6 Plus, 6s, 6s Plus, 7 и 7 Plus, како и со петтата генерација iPad, iPad Air, iPad Air 2, сите iPad Pro модели и iPad mini 2 и поновите модели. Во суштина, сите уреди кои имаат A7 или понов процесор во себе

Извор: Macrumors

Имавме многу нови работи најавени на WWDC, па ако сакате да останете во тек со сите важни известувања, прочитајте ги текстовите кои можете да ги пронајдете тука.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!