imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

2018 MacBook Pro 15” – Најмоќниот лаптоп на Apple досега / ТЕСТ


Имав прилика да го тестирам најмоќниот лаптоп на Apple досега цели три дена. Тоа ми беше доволно да стекнам општа слика за тоа што се може лаптоп од топ категорија во 2018. година, и во која мерка можеме да им веруваме на оние ужасни приказни за прегревање на овој компјутер. Дами и господа, допуштете ми со вас да го поделам своето искуство со 2018 MacBook Pro 15”.

Никогаш не сум имал лаптоп од топ категорија. Кога се во прашање перформансите, секогаш ми биле подраги десктоп компјутерите. Во 2018. година можеме да пронајдеме многу преносни компјутери во ранг на десктоп, но секогаш вклучуваат одредени компромиси. Оние кои можат да се споредат со силните десктоп компјутери, обично се тешки, околу 4 до 5 кг, а не можеме да расправаме ни за батеријата бидејќи овие машини имаат вклучен цел систем на ладење. Врз основа на тоа, овие компјутери не се преносни во смисол само да ги ставиме во торба и да ги носиме цел ден за секојдневна употреба.

Моќ. Преносливост. Времетраење на батеријата

Apple ја создаде MacBook Pro линијата со цел на соединување на преносливоста, времето на изведување на операциите и компромисите. Најновиот и најсилен член на оваа линија сега е 2018 MacBook Pro 15”, кој ги содржи најмоќните хардверски компоненти моментно достапни на пазарот. Јас го тестирав моделот со i7 процесор, 2,2 GHz, кој сега има шест јадра и 12 thread-ови во однос на четирите јадра од претходната генерација. Во тој основен пакет добивме 16 GB DDR4 RAM и вообичаениот (и неверојатно брз) SSD од 256 GB.

Ако немате ништо против, нема да губам време на деловите како влезовите и новите функции, бидејќи за тоа пишувавме при тестирањето на 13-инчниот модел. Меѓутоа, морам да признаам дека секогаш кога го држев овој компјутер во раце, повторно бев воодушевен од неговата неверојатна убавина. Иако True Tone не е секогаш најсреќен избор за ваквите компјутери, на крајот на денот ги прави вашите очи задоволни. Добро е да се знае дека Apple ја вклучи оваа функција на овој нов модел, но тоа сигурно не е причина зошто луѓето плаќаат исклучително висока цена за него. Но, да се вратиме на мојата приказна и допуштете ми со вас да ги поделам своите искуства во поглед на перформансите на овој MacBook Pro.

За време на мојата работа, најмногу ги употребувам програмите за уредување на видео содржини и изработка на анимации, па веднаш ги гледам предностите и недостатоците во тој контекст. При рендерирањето на готовите проекти, секоја програма работи врз основа на различните алгоритми, а различните кодекси поинаку влијаат на самата брзина на постапката. Корисниците кои работат со таквите програми многу брзо ги учат тие детали со цел што поефикасно да го употребуваат својот компјутер.

Всушност, имав прилика да работам на нашиот нов, таен проект на новиот 15-инчен MacBooku Pro, па веднаш го исклучив својот стар iMac и се посветив на новата машина на Apple. Иако го споредував со најмоќната конфигурација од 2014. година, не беше паметно да се споредува лаптоп со десктоп компјутер. Но, останувам на тоа, бидејќи знам дека дел од корисниците размислуваат за предностите и недостатоците при преминот од десктоп на преносен компјутер.

Го уредував нашиот нов проект во DaVinci Resolve, а по завршувањето на работата размислував дали овој компјутер навистина може да го замени мојот iMac. Поради тоа, одлучив да изведа проект на двата компјутера. Тоа го направив на неколку начини, и – за среќа – го постигнав тоа што го сакав: различни резултати. Во некои случаи MacBook Pro беше побрз, а во некои други мојот стар iMac, а се зависно од поставките што сум ги избрал.

Не сакам со вас да делам само анегдоти, па да преминеме на конкретни резултати. Рендерирарав Apple ProRes 442 HQ со брзина од 24 fps / 1080p во DaVinci Resolve. MacBook Pro беше побрз за отприлика 5 до 10 проценти. Во истите услови во Final Cut, двата компјутера се еднакво брзи, додека во Adobe Premiere ја променив тактиката и употребив h.264 кодеци, кои можат да се најдат и во YouTube тестовите. Иако очекував дека ќе победи мојот iMac, не ни помислував дека ќе биде дури четири до пет пати побрз.

Потоа почнав да навивам за MacBook Pro, само за да докажам дека ваквите споредби се бесмислени, па ја направив истата работа само со h.265. Овојпат MacBook Про победи, беше дури два пати побрз.

За да дадам пример на подобрувањето на перформансите на годинашниот MacBook Pro, отидов во iSTYLE продавницата во Скопје Сити Мол и ги замолив вработените да ми дадат MacBook Pro модел од 2016. гоидна, и самиот продолжив да работам на новиот MacBook Pro со 8К поставки. Искрено, работите се закомплицираа. Иако бенчмарк тестовите покажуваат подобрување од 40 до 50 проценти, што не секогаш се виде во пракса, факт е дека новиот модел бил побрз во речиси сите ситуации. Многу подобро се носеше со h.265 кодеците од својот претходник.

Секако, на овие резултати влијаеше и брзината на излезиот простор за складирање. Значи, ако го споредиме моделот од 512 GB со оној од 256 GB, оној со поголем простор за складирање секогаш ќе биде во предност. И тоа го испробав, а дури и моделот од 2016. година го надминува најновиот хардвер ако постои значајна разлика во SSD.

Загревање

За крај, ни останува да го споменеме скандалот со прегревање, за што Интерентот вриеше во последните неколку дена. Разбирам дека индустријата на кликање е многу проширена, но не се вели без причина дека каде има чад, има и оган. Да, новиот MacBook Pro толку брзо се загрева што во пракса може да достигне само 75-80% теоретски максимум. Исто како што вреди за ланскиот модел и оној од 2016.

Значи, можеме да расправаме за инженерски грешки, но поверојатно е дека Apple жртвувал дел од перформансите поради преносливоста на уредот. Новиот MacBook Pro може да одржи просечна брзина од 2,2 GHz. Вредноста од 4,1 GHz назначена на пакувањето се однесува само на случаите на стартување на апликациите. Всушност, оваа брзина не вреди за сите јадра – Intel воопшто не открива колку јадра од осумте ја постигнуваат таа брзина.

Заклучок

Дали оваа жртва е болна? Да сакам да го заменам својот моќен десктоп компјутер со новиот MacBook Pro долгорочно би ми било неисплатливо. Меѓутоа, ако земам во предвид дека овој уред го собира во торба со нормална големина и дека можам да го носам секаде каде што одам, и тоа без болки го грбот, се исплати да се прифатат некои компромиси. Apple ги послуша корисницие, го стави најсилниот постоечки хардвер во новиот лаптоп и така го создаде намоќниот преносен Mac досега.

Цврсто верувам дека ова е идеален компјутер за сите на кои им требаат одлични перформанси и преносливост, дури и по оваа висока цена. Исто така, тоа е наменето за помала група на корисници, и на сите би им препорачал сериозно да размислат за тоа дали навистина им е потребен. Ако не, секогаш го имате 13-инчниот модел, па дури и оној основниот, бидејќи прави се што е потребно, а може да се надгради со поголем простор за складирање. Знаете, дополнителните трошоци за поголемиот модел не се секогаш исплатливи.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.