imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

24me – Вашиот паметен персонален асистент


Да бидаме искрени, зборот “мобилен телефон” е малку застарен, бидејќи ги користиме овие уреди за многу други работи, отколку само да се јавуваме еден на друг. На пример, со уредите можеме да управуваме со нашите задачи од потсетниците, да создаваме настани и белешки. Сето тоа бара ефикасна апликација.

App Store е полн со апликации, кои можат да ви помогнат да ги организирате вашите настани и задачи. Можете да најдете навистина добри апликации за вашите планови, една од нив е 24me Smart Personal Assistant. Достапна е за iPhone, iPad и Apple Watch, а има и поддршка за Shortcuts, најновата паметна карактеристика на iOS која ја користи Siri.

Со помош на оваа наградувана апликација ќе имате шанса да ја зголемите вашата продуктивност, преку создавање на списоци, настани, потсетници, белешки и многу други важни работи на интуитивен начин.

Апликацијата не нуди само вертикална, туку и хоризонтална поставеност. Ќе видите минималистички и модерен интерфејс кој ви помага да ги организирате вашите задачи во дневни, неделни и месечни ставови како резиме. Покрај тоа, корисниците добиваат информации за локацијата на следниот состанок и проценетото време за да стигнат до таму. Благодарение на паметните известувања, ќе бидете потсетувани во кое време треба да тргнете, со оглед на моменталната состојба на сообраќајот на вашиот планиран пат, така што навистина не треба да се грижите дека ќе задоцните.

Апликацијата ќе ве потсети и на претстојните родендени, годишнини и празници, и на овој начин можете да останете внимателни кон другите.

Во прилог на сите овие функции, ќе имате можност да започнете конференциски повици и да создавате настани или потсетници со користење на гласовни команди. Исто така, можете да ја додадете 24me и во вашите виџети.

Апликацијата ги поддржува iPhone, iPad и Apple Watch уредите, така што нема да пропуштите некој важен претстоен настан. Можете да ја преземете бесплатно од iOS App Store, каде што можете да почнете бесплатен пробен период од 7 дена. И едногодишната Pro претплата чини само 60 долари на годишно ниво, со тековен попуст од 50 проценти.

Преземете ја 24me апликацијата и испробајте ја. Дали користите нешто слично? Не двоумете се да ги споделите вашите искуства со нас!

Преземете ја 24me Smart Personal Assistant од App Store (iPhone, iPad, Apple Watch – бесплатна, содржи IAP)

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.