imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

32 или 64-бита? Да се подготвиме за промените


По iOS 11, Apple полека ги убива сите 32-битни апликации и на macOS. Но, како да се разликува која апликација е 32-битна, а која е 64-битна?

Во ова време минатата година, почнавме да се сомневаме дека Apple ќе ги отстрани сите 32-битни апликации од iOS. И тоа и се случи во iOS 11. Сега истата постапка ќе се случи и во macOS. macOS High Sierra е последна верзија на оперативниот систем кој поддржува само 32-битни апликации. За што точно станува збор, и зошто е ова добро за вас?

Секој компјутер пресметува во бинарни броеви, каде што нулите се лажни вредности, а единиците вистински. Тоа се манифестира во битови. Битот може да содржи две вредности. Вредноста на 2 бита е 4, 3 бита е 8 и така натаму. Според оваа логика, 32-бита значат два, подигнати на триесет и втора сила која е еднаква на вредноста 429 4967 296. 64-бита се два, подигнати на шеесет и четврта сила која содржи вредност 18 446 744 073 709 551 616.

Колку е бројот поголем, толку пресметките би можеле да бидат побрзи, со соодветниот хардвер. Претходно, во 70-те години, чиповите на Intel можеа да се носат само со 8-бита. Првиот процесор за десктоп компјутер кој можеше да се носи со 64-битен систем е лансиран во 2003. година. Оттогаш, десктоп и мобилните процесори многу се подобрија и развија, а употребата на 64-бита се прошири благодарение на зголемениот капацитет на пресметување.

Следното би можело да биде одговор на прашањето зошто не ни се потребни 32-битни апликации: 99 проценти од компјутерите и мобилните уреди сега работат на 64-бита. Тоа е назначено со x84 и x64 ознаките. Во macOS самите можете да проверите дали користите апликации кои не ги поддржува 64-битната верзија.

  • Отворете Spotlight
  • Внесете System Information
  • Изберете Applications на картичката Software
  • Во последната колона на секоја апликација означено е со Да/Не дали е компатибилна со 64-битната верзија или не.

Ако сте пронашле апликација која не е компатибилна, сега е совршено време да го замолите програмерот за нова верзија или да почнете да барате алтернатива; бидејќи по следната надградба, системот само ќе ве извести во скокачки прозорец, дека апликацијата е компатибилна само со 32-бита.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!