Не е тајна во Apple дека со iPad Pro сака да достигне одредена база на корисници, на кои не им треба целосен лаптоп, но се уште сакаат брз уред што можат да го користат за Office или училишна работа. Можете да ја направите работата на iPad побрза и поудобна со овие кратенки за тастатура.
Комбинацијата на iPad и тастатура може да биде удобен партнер во вашиот секојдневен живот доколку навистина не ви требаат сите портови за време на вашата секојдневна работа и не ви се потребни придобивките од десктоп оперативен систем. Сепак, контролите на допир можат да бидат прилично неудобни кога таблет уредот ќе го поставите да функционира како лаптоп. За да се надмине овој проблем, комбинациите за тастатура можат да бидат одлично решение.

Единствените нешта што ви се потребни за да функционираат овие совети се iPhone или iPad и тастатура со нив. Оваа тастатура може да биде Magic Keyboard, Smart Keyboard или тастатурата од трета компанија одобрена од Apple.
Spotlight пребарување
Сите го сакаме Spotlight на Mac, бидејќи за неколку секунди лесно можеме да пронајдеме било која апликацијата или фајл, па дури и да ги го користиме како калкулатор. Оваа функција за пребарување не е толку широка на iOS, и веројатно нема да ја користите толку често како на еден лаптоп на Apple, но ако поврзете тастатура на вашиот iPad, одеднаш користењето на оваа функција станува прилично едноставно.

Единствената работа што треба да ја направите е да ја притиснете кратенката Command + Space, што веднаш ќе го отвори Notification Center со табот за пребарување во горниот дел. Тука можете веднаш да пребарувате низ вашите контакти, пораки, iMessage пораки, па дури и да погледнете некои места во апликацијата Maps. За да го направите побрз вашиот работен процес, можете да се вратите назад на местото каде што сте застанале со помош на истата кратенка.
Кратенка за Home копче
Можете да го активирате Home копчето при пишување или уредување на документи дури и без физички да притиснете на него. Притиснете ги копчињата Command + H истовремено: на тој начин најбрзо ќе стигнете до home екранот. Во моментов не постои подобро алтернативно решение за Touch ID отколку да ја внесете вашата лозинка. Би било кул ако Apple додаде читач за отисоци во нивните тастатури што исто така би можеле да ги користиме и на Mac.

Префрлање помеѓу апликациите
Истиот проблем се појавува како и со Home копчето: со две раце пишувате на тастатурата, и навистина не сакате да притискате на iPad-от што е во хоризонтален режим. Сепак, можеби ќе треба често да се префрлате помеѓу апликации, како кога пишувате текст за училиште. Тогаш постојано се префлате меѓу Интернет изворите и Word или Pages. За среќа можете да ja користите кратенката Command + Tab позната од MacOS и Windows.
Доколку притиснете Shift додека ја активирате кратенката, префрлањето ќе оди налево наместо надесно. Можете да се префрлате помеѓу десет активни апликации во хоризонтален режим (што веројатно е режимот што најчесто ќе го користите додека чукате на тастатурата), додека истото можете да го правите помеѓу седум апликации во вертикален режим.

Виртуелна тастатура
Може да ви се случи да барате некој знак на тастаурата што се уште не е назначен, но не знаете која комбинација на копчиња да ја користите, ниту каде да го побарате. Во таква ситуација, виртуелната тастатура може да биде од голема помош, а ќе и пристапите со притискање на копчето ESC. Оваа опција е корисна и за бројни други работи: може да ви помогне кога ја користите апликацијата за управување со clipboard, а што има посебна дистрибуција. Во неа лесно можете да додавате текстни рамки во документите, а може да ви помогне и кај пишувањето на електронските пораки.

Сликање на екранот
Вообичаен начин на сликање на екранот на iPhone или iPad е преку притискање на Home копчето и копчето за заклучување во исто време. Сепак, има полесен метод за да се направи скриншот. Тоа можете да го сторите преку кратенката позната од Mac со притискање Shift + Command + 3. Екранот ќе светне како и обично и сликата ќе биде снимена во фолдерот за скриншотови.
+1
Кога ќе се навикнете на користење кратенки, следната опција може да биде корисна да им се пристапи директно на вашиот iPad. За да се направи ова, треба само подолго да го држите копчето Command, и на екранот ќе се појави листа на сите кратенки врзани со апликацијата што ја користите во тој момент. Ова е едноставен начин да научите што повеќе кратенки, а би било идеално кога слична функција би постоела на Mac. Колку повеќе ќе ги научите, толку полесно ќе се движите низ својот iPad и поедноставно ќе ги уредувате документите.

Извор: Cult of Mac