imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

5+1 Причини да го ажурирате Вашиот Mac


И покрај тоа што не чувствувате потреба да ја имате најновата верзија на оперативен систем на вашиот компјутер, сепак вреди да одвоите од Вашето време за ажурирање на софтверот на Вашиот Mac, бидејќи MacOS Sierra има неверојатни функции кои претходните OS-и ги немаа.

Дури и ако не сте ентузијастични кога е во прашање ажурирање на Вашиот оперативен систем, помина доста долго време од објавувањето на MacOS Sierra што вреди за секој да го ажурира OS-от, ако тоа до сега не сте го направиле. Ако случајно имаате MacBook со El Capitan, може да бидете изненадени од огромните разлики меѓу двата OS-и. Повеќето, не сакаат да ги обноват своите компјутери, бидејќи веќе имаат воспоставено одреден систем на работа на постоечкиот оперативен систем. Тие би сакале да имаат сè на вообичаените места и по ажурирањето.

macos-sierria-auto-unlock-apple-art

Apple вметна многу нови функции, кои дури може да Ви помогнат да ја направите Вашата работа дури и побрзо во MacOS Sierra која беше објавена септември минатата година. Поради евие карактеристики вреди да се ажурира оперативниот систем на вашиот лаптоп, иако пред да го направите тоа, дефинитивно треба да се направи бекап на Вашите податоци. Ова е паметен чекор што би го направиле, не само пред ажурирање на системот,туку од време на време.

MacOS Siri

Ако случајно Вашиот англиски е добар и сакате да ги користите можностите кои Siri ги нуди на Вашиот телефон во текот на возењето, оваа функција ќе биде одлична за Вас. Apple-овиот личен асистент, може да биде од голема помош за Вас на Вашиот лаптоп, бидејќи освен вообичаените работи кои ги правите со Siri (повикување на контакт, проверка на временска прогноза, проверка на спортски резултати, креирање на рути на мапа), таа може и да пребарува датотекти. Можете да пребарувате по ознаки, дата на креирање, или пак според датумот на модификување на документот. На пример: “find me documents I’ve worked on this week”.

Siri-okosodik-VocallQ-cover

Siri исто така добро се справува и со mail-овите, како што би се очекувало од одличен личен асистент. Најлесниот начин да пребарувате низ mail-овите, е да барате според испраќачот или примачот, бидејќи тогаш Siri ќе ги излиста сите mail-ови поврзани со корисничкото име за само неколку секунди. Можете да пребарувате и слики додека пишувате mail и така можете да ја вметнете сликата со Drag and Drop. Одлична метода е да ги прикачите сите пребарувања на Today tab-от од десната страна за да имате лесен пристап до одреденото пребарување.

Најлесен начин да пристапите до Siri е со притискање на CMD + Space копчињата на тастатурата, иако може да ја кликнете опцијата за Siri во десниот агол од екранот. Hey Siri опцијата сеуште не е возможна кај MacOS.

Пораки

Најновите систем не само што го презема Siri од iOS, туку исто така презема и некои функции на iMessage. Нема големи промени тука, но Apple обрна внимание апликацијата за пораки да биде компатибилна со најновото ажурирање на iPhone. Ги нема сите подобрени функции како кај iOS, иако има само дел и можеме да ги прегледаме пораките со ефекти испратени од iOS, но не можеме на ист начин да вратиме преку MacOS.

macos-ios10-imessage-hero
Оптимизација на Меморијата

8-10GB слободен простор за складирање може да значи многу за Mac-овите со помал простор за складирање на податоци, а со Sierra ќе добиете токму толку повеќе простор. Кликнете на логото на Apple и одете до About This Mac каде што може да се најдат општи информации за лаптопот. Изберете Storage и можете да видите што завзема толкав простор на Вашиот компјутер. Просторот со линии наречен Purgeable содржи датотеки кои системот мисли дека се непотребни.

Можете да почнете со оптимизирање рачно или автоматски кога ќе кликнете на опцијата Manage. Системот ќе означи оние елементи во менито Applications кои се стари или дупликат – можете да ги избришете рачно. Опција која е чекор напред кон подобро е тоа што од системот може да ги избришете фајловите кои се постари од одреден временски период од Thrash. Исто така може да избереше што ќе се случи со некоја датотека откако ќе се прегледате во iTunes, или што да се случува со податоците што се зачувани на iCloud.

Слика во слика видео

Оваа опција може да изгледа небитна, но сепак е одлична во едноставноста. Додека пишувате документ во Pages, можете да гледате видео во минимизиран прозорец веднаш до Pages. Оваа функција е овозможена и во Safari и во iTunes. Кај корисниците на кои не им е стандарден софтвер за репродукција на мултимедија оној софтвер кој што доаѓа со Mac (како на пример YouTube), можете да притиснете Ctrl + два пати клик на видеото за да изберете Слика во слика видео. Можете да го вметнете во било кој агол од екранот.

Continuity

Најголемата предност на MacOS Sierra е дефинитивно опцијата Continuity која ги спојува сите Apple уреди многу безбедно и прави комуникацијата која се одвива меѓу уредите да тече беспрекорно. Луѓето кои купуваат Mac компјутери, обично имаат веќе друг Apple уред, освен оние поискусните Mac корисници. Имајќи ги нашите датотеки на нашите лаптопи целосно синхронизирани од првата минута на iCloud, ја прави комуникацијата и преносот на податоци многу полесен и побрз.

Ако Ви се допаѓа AirDrop, тогаш ќе го обожувате Universal Clipboard. Можете да продолжите со копирање на Вашиот iPhone откако сте направиле Copy, односно CMD + C на Вашиот Mac. Kорисниците на Apple Watch можат автоматски да го отклучат лаптопот кога ќе се доближат до него.

 +1

Безбедност. Вреди да се ажурира најновиот достапен софтвер, бидејќи содржи поправки на грешките и промени во безбедноста, кои ќе ги чуваат Вашите податоци во многу побезбедна средина. Иако ова не е главната причина на објавување на нови системи, добар избор е да го обновите Вашиот компјутер 2-3 месеци по објавувањето од производителот, бидејќи обично се решени проблеми кои постоеле претходно и корисниците го добиваат најбезбедниот достапен систем. Ви препорачувам и претходно да разгледате на интернет дали некој претходно пријавил некаков проблем со најновиот оперативен систем, но препорачуваме до го ажурирате Вашиот Mac на најновиот Sierra оперативен систем.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!