imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

6,1-инчниот iPhone X би можел да вистински хит оваа година


Според информациите на снабдувачите, Apple нарачал големи количини компоненти за огромниот iPhone X со LCD екран. Дали поголемите димензии и помалата цена би можеле да бидат хит следната божиќна сезона?

Првите информации за iPhone уредите кои се очекуваат ова година почнаа да кружат уште во јануари. Досега ништо не се промени – најголем хит оваа година би можел да биде поевтиниот iPhone X со LCD екран. Тоа има смисла бидејќи Apple навистина се опушти во поглед на цените на уредите со OLED технологија.

Иако најверојатниот план е да се воведе OLED технологијата во сите нови уреди, Apple ќе претстави и телефон со LCD екран и сите нови функции на iPhone X. Ако се точни гласините, Touch ID ќе стане работа на минатото и во целост ќе биде заменет со препознавање на лицето. Значи, очекуваме 5,8-инчен OLED модел, 6,5-инчен OLED модел и 6,1-инчен LCD модел со пониска цена (600-700 долари).

Според наводите на снабдувачите, Apple нарачал огромни количини компоненти за производство на тие уреди. Plus моделите и оваа година се многу барани, па поголемиот модел по помала цена би бил добитна комбинација.

Ако може да му се верува на Rambo, програмерот кој одлично се снаоѓа меѓу информациите скриени во изворните кодови, сите три модели ќе имаат Face ID. Дури и откри индиции дека не очекува iPad со Face ID. Тоа би можело да значи дека и линијата на iPad ќе доживее целосно освежување во септември оваа година.

Извор: Apple Insider

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.