imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

A12 процесорот на Apple е подобар од сите конкуренти


Според најпрецизните benchmark тестови, A12 процесорот е енергетски поефикасен и помоќен од сите други мобилни процесори, а наскоро би можел да ги надмине и перформансите на најдобрите компјутерски процесори…

Кога е во прашање тестирањето на екраните, се потпираме на DisplayMate, за камерата тука е DxOMark, а за benchmark тестирањето на процесорот, му веруваме на AnandTech. Тоа се лаборатории кои ги анализираат наведените подрачја без никаков наплив од самите производители.

По претставувањето на новите уреди, пристигнаа и резултатите од тестирањето. Најпрвин DisplayMate објави дека нема подобар екран на пазарот од екраните на iPhone XS и iPhone XS Max. Потоа DxOMark ја пофали камерата на тие уреди. Сега на ред е извештајот на AnandTech, а ни тој нема да не разочара.

Процесорот A12 на Apple очигледно е најдобар на пазарот.

Во споредба со процесорите на другите врвни уреди, разликите се буквално во секој поглед толку големи што на крајот на тестирањето не бевме изненадени кога најновиот процесор на Apple беше двојно подобар од сите конкуренти. Нема таков Snapdragon, Kirin или Exynos кој може да се спореди со процесорот А12 во поглед на енергетската ефикасност или перформансите.

Разликата во однос на SoC на Android е најзначајна. Apple SoC троши помалку енергија од Android, но има двојно подобро перформанси. “Ако би ја нормализирале потрошената енергија, не би ме чудило Apple да оствари три пати подобри перформанси”, изненесно е во извештајот на AnandTech.

Единствениот процесор кој може да се споредува со А12 е минатогодишниот А11 (дури и тој ги надминува сите конкуренти). На SPECint2006 benchmark тестовите А12 имаше 24 проценти подобри резултати во сировите компјутерски капацитети, и е 12 проценти поефикасен во зачувување на енергијата. Единствен исклучок се задачите кои трошат големи количини меморија, за кои А12 троши повеќе енергија.

Следното прашање е дали можат процесорите на Apple да се споредуваат со компјутерските процесори? Според AnandTech, пречката која ги раздвојува перформансите на постоечките процесори на Apple и компјутерските процесори е многу тенка.

Има неколку причини за ова огромно зголемување на перформансите. Од една страна, А12 е првиот мобилен процесор со 7-нанометарски чворови во комерцијална продажба. Веќе пишувавме за оваа нова технологија. Од друга страна, не смееме да го заборавиме развојот на неуралниот копроцесор, редизајнириот cache и зголемувањето на бројот на јадра, како и компресиската меморија на CPU.

Со сигурност можеме да кажеме дека А12 процесорот на Apple има брутално добри перформанси и во лабораториско опкружување, но и во реалниот живот.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.