imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

AirPods се најголеми победници на Светското првенство


Речиси секој играч од секоја држава – кога не играше не теренот – се појави носејќи AirPods или Beats слушалки. Гледате? Толку е лесно да се стане официјален спознор, дури и без вистинско спонзорство.

Светското фудбалско првенство е еден од оние масовни настани што во речиси сите држави се слави како државен празник, а десетици милиони луѓе напнато ги следат настаните од натпревар во натпревар (вкупно 3,2 милијарди гледачи го следеа СП 2014. година). Не чуди дека оние компании кои се наоѓаат на добри положби пробуваат да се појават како спонзори на настанот. FIFA, управното тело на спортот, на годинашното првенство би требало да оствари приход оф околу 1,6 милијарди од маркетинг. Тоа е прилично ефикасна и скапа маркетиншка алатка.

Барем за оние на кои им е потребна

Работата е во тоа што Apple е премногу кул за користење на такви ситничарски алатки за да ги промовира своите производи. Нивните производи се едноставно толку популарни и кул што дури и не мораат да ги прашаат фудбалските ѕвезди да ги користат или да ги носат. Кому му треба поверодостојна промоција од тоа?

Најголем победник на годинашното СП, барем од овој аспект, секако се AirPods, кои наизглед се многу популарни помеѓу фудбалерите, иако ни Beats не заостануваат. Се сомневате во тоа? Тогаш допуштете ни да ви покажеме неколку одлични фотографии од фудбалските ѕвезди, а би требало да ги побарате сличните елементи.

Neymar Jr. Бразил. AirPods

Guillermo Ochoa. Мексико. AirPods.

Javier Hernandez. Мексико. AirPods.

Julian Draxler. Германија. AirPods.

Romelu Lukaku. Белгија. Beats.

Jesse Lingard. Англија. AirPods.

Kyle Walker и Danny Welbeck. Англија. AirPods.

Marcus Rashford. Англија. Beats.

Willian Borges da Silva. Бразил. Се истакнува од останатите, со едноставни EarPods.

Тимот на Аргентина. Мешаат AirPods и Beats.

Интересен е фактот дека FIFA има прилично строги правила кога се работи за она што го викаат “маркетинг од заседа”, кога брендот ќе им плати на играчите да ги носат или користат нивните производи пред или во текот на Светското првенство, иако оваа компанија не плати за да стане официјален спонзор на Светското првенство. Затоа било кој играч што го гледате дека носи Beats слушалки пред натпреварот, го има покриено логото на компанијата. На AirPods не е прикажано логото, но нивниот дизајн е толку единствен што не можете да ги замените со други.

Извор: Quartz

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!