imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

AirPower конечно би можел да биде лансиран во септември


Наводни внатрешни извори открија каква иднина ja чека овaa долго очекуванa алатка. Ако се испостави дека овие гласини се точни, нема уште долго да го чекаме лансирањето…

Овие нови вести пристигнуваат од изворот од кој ги добивме и фотографиите на USB-C полначот за iPhone моделите кои се очекуваат во септември. Со оглед на тоа дека вистината ќе ја дознаеме дури за неколку месеци, најдобро е засега на сето ова да му пристапиме со доза на скепса.

Меѓутоа, се чини дека лансирањето би можело да биде во септември, посебно ако и презентацијата на iPhone се одржи истиот месец. Се надеваме дека Apple конечно ќе го лансира својот долго очекуван безжичен полнач и тоа една година откако го најавија. Можеби ќе успеат тоа да го прикажат како планиран развој на настаните…

Според Bloomberg, минатата година дури и се чинеше дека ќе успеат да го лансираат уредот според планираниот распоред, но почнаа да се јавуваат се повеќе проблеми и лансирањето мораше да биде одложено. И јунската премиера е одложена поради проблемите со прегревање.

Засега нема никакви конкретни информации за цената, но знаејќи колку чини Apple Watch Charging Dock, не се сомневаме дека Apple ќе ја подигне цената на производот кој истовремено може да полни три уреди.

Како и да е, имаме доволно време да се грижиме околу цената – за почеток можеме да се занимаваме со грижата околу датумот на лансирање.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.