imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

AirPower наводно е во фаза на масовно производство!


Помина година ипол, колку што им беше потребно на Apple да ја состават неопходната технологија и конечно AirPower уредите да можат да бидат готови.

Во септември 2017 година, пред околу година ипол, Apple го претстави својот wireless полнач само на фотографии. И оттогаш сме немале прилика во живо да го видиме полначот кој истовремено полни три уреди.

После претставувањето мислевме дека “coming soon” значи само неколку месеци чекање и дека наскоро ќе се појави на полиците. Чекавме, но Apple не изјави ништо и на крајот се откажавме од оваа идеја.

Од време на време се покажува мала надеж. Го очекувавме претходната година во март и септември, се појавија гласини дека ќе се лансира во јуни, а исто така видовме и огласи за работа поврзани за новиот производ.
Видовме се: освен уредот. Пристигна и следниот знак:

 На страната ChargerLab со седиште во Хонг Конг, врз основа на внатрешни информации, се шпекулира дека AirPower (конечно) пристигна во фаза на масовно производство во кинеските компании Luxshare Precision и дека наскоро ќе биде достапен за сите. Исто така во нивно следно ажурирање се дознава дека Pegatron зема улога како секундарни произведувачи.

Додека уредот не пристигне можеме само да се надеваме…

Извор : MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.