Ако просторот за складирање на Mac ви е преполн, почнуваат да се случуваат чудни работи. На пример, се случува да не можете едноставно да го испразните Trash, што е прилично бизарно. Или не?
Пред неколку дена моја колешка забележа дека нејзиниот Mac е преполн со што системот почнал многу необично да се однесува. Ако просторот за снимање во целост е пополнет, не можете да го испразните Trash, iCloud не работи како обично, и по секоја логика не можете да ги снимате документите на кои работите. Се работи за навистина чуден феномен, посебно затоа што корисникот не забележува дека просторот за складирање е полн, бидејќи SSD не забавува.

Што може да се направи во такви ситуации? Нема причина за загриженост! Постои решение. Најбаналата опција е повторно да го стартувате компјутерот, а во потешките случаи ќе треба да се префрлите во сигурниот начин на работа. Во принцип, во текот на повторното стартување се бришат сите кешови и така се ослободува простор за складирање. Се што треба да притиснете е Shift откако повторното ќе го стартувате. На тој начин компјутерот ќе Ве префрли во сигурниот начин на работа. Испразнете го Trash и избришете ги сите непотребни документи. Потоа повторно покренете го компјутерот.