imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Американските полицајци не би требало да гледаат во iPhone уредите


Така барем ги советува Elcomsoft, компанија која е водечки програмер на дигиталните форензички алатки. Причината е прозаична: во случај на блокирање на телефонот, ќе биде невозможно да се отклучи телефонот.

Колку што знае Motherboard, компанијата за форензика Elcomsoft ја советува полицијата во САД да не гледа во екраните на iPhone уредите кои се осигурани со Face ID, бидејќи тоа би можело да предизвика сериозни проблеми.

Craig Federighi дефинитивно може да потврди дека советот е точен, бидејќи и самиот се најде во незгодна ситуација во текот на претставувањето на iPhone X, кога проба да демонстрира како функционира Face ID, но уредот беше невозможно да се отклучи. Како што подоцна беше откриено, изворот на проблемот беше во тоа што во текот на подготовката за Keynote, помошниците фрлиле поглед на уредот неколку пати и поради сите неуспешни обиди за отклучување, уредот беше блокиран и можеше да биде отклучен само со помош на лозинка.

Токму тоа е атрибутот на Face ID поради кој експертите ја советуваат полицијата да не гледа во iPhone уредите, како штоа тоа го направи Perzej во борбата против Gorgon.

Всушност, во ерата на Touch ID, беа давани слични совети, но тогаш можеа да се носат со ситуацијата следејќи го следниот совет: немојте да го притиснете Home копчето, но можете да го користите копчето за Sleep/Wake за да го отклучите уредот.

Односот помеѓу Apple и полицијата традиционално е прилично проблематичен. Можеби сте слушнале за случајот Apple vs. FBI; исто така е откриено дека британските полицијаци имаат колеги кои се занимаваат со отклучени уреди, поточно за да го спречат нивното повторно заклучување, а не го ни споменавме правниот проблем кој повторно стана актуелен во последните неколку недели – дали треба осомниченото лице да го отклучи својот уред или да го остави заклучен.

Извор: MacRumors

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.