imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Animoji се секогаш посјајни на другата страна


Кога се работи за технологијата, iPhone X содржи многу нови функции. Кој некогаш би помислил дека единствената работа што би можела да ја инспирира конкуренцијата е гом…то кое зборува…

Според јужнокорејскиот ETNews, новите Samsung Galaxy S9 и Galaxy S9 Plus би сакале да ја шокираат публиката со animoji на своето претставување. Секако, функцијата ќе има поинакво име, но ќе работи отприлика исто како и animoji. Покрај тоа, animoji на соседите ќе бидат

“понапредни”. ПОНАПРЕДНИ!!!

Не знам што би помислил. Дали ова би можел да биде ветарот на промената, гласот на иновацијата? Дали се случи сингуларност? Како мачиња или вонземјани што зборуваат би можеле да бидат понапредни? Од нервоза и исчекувања, почнав да грицкам нокти.

Но, шега на страна, тоа би значело дека Samsung посветил повеќе внимание на предните сензори. Бидејќи animoji – без оглед колку примитивно работат – бараат 3D сензори. Јужнокорејскиот производител веќе имаше систем за препознавање на лицето и скенер на зеницата, но според искуствата на корисниците, технологијата не беше толку ефикасна и сигурна. Иронично, но се чини дека

токму animoji би можеле да го подбутнат технолошкиот развој.

Ако производителите се натпреваруваат со создавање подобри animoji, тоа исто така би значело дека се натпреваруваат во создавање подобар систем за препознавање на лице. Чудна, но корисна идеја.

Размислувајќи за ситуацијата со Animoji, дојдов до заклучок. Во Европа, луѓето се прилично незаинтересирани за Animoji – ако не ја земеме во обзир технологијата која се наоѓа зад нив. Во азиските и американските региони каде што купуваат iPhone уреди како бомбони постои поголема заинтересираност за вакви работи.

Азија е дом на анима. Иако нам ни се чинат смешни, овие работи имаат големо културолошко значење во Јапонија, Јужна Кореја и Кина. САД отсекогаш беше познат по индивидуализмот и самоизразувањето. Секако дека ги привлекува се што им овозможува да се изразат и да бидат едноставни.

Но тоа се само моите размислувања. Што мислите вие?

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!