imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

App Store заработува 93 проценти повеќе пари од Google Play


И тоа покрај фактот дека се инсталираат повеќе апликации од Android продавницата. Да ги погледнеме најновите статистички податоци на Sensor Tower.

Sensor Tower веќе повеќе од десет години следи што се случува во разните продавници за апликации и објавува квартални извештаи за своите анализи. Според информациите објавени во четвртокот,  Google Play и App Store забележаа пораст. Меѓутоа, не во иста мерка.

Имено, 66 проценти од вкупната заработувачка од мобилни апликации оди за Apple, што е вкупно 12 милијарди долари. Google Play исто така е во нагорна линија, и во истиот период оствари пораст од 21,5%, односно приходот од 5,1 милијарди долари го зголемија на 6,2 милијарди.

Се на се, Apple на апликациите заработи 93 проценти повеќе од Google.

Овој податок не зачудува, бидејќи Google непобитно води во бројот на инсталирани апликации: вкупно 19,5 милијарди инсталирани апликации се преземени од Google Play (што е огромна бројка), додека од App Store се преземени и инсталирани сиромашни 7,6 милијарди. Сепак, се чини дека корисниците на Apple и натаму се понаклонети да ги платат своите апликации.

Без оглед на овие броеви, запрепастува податокот дека луѓето вложиле повеќе од 5 милијарди долари во апликации и тоа само во едно тримесечје. Очигледно ерата на апликации не е ни приближно завршена.

Извор: AppleInsider

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.