imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Apple ве учи како да сликате селфи


Apple неодамна ја надгради веб-страницата за iPhone 7, и ни покажа многу видеа за тоа како да направите најдобри фотографии со вашиот iPhone. Сега ја имаме втората група од оваа минисерија.

Има поставено уште четири видеа на овој сајт, што се додадени на првите дваесетина постоечки видео записи. Сите тие се фокусираат на специфични функции на камерата со живописни и едуактивни тутоаријали. Покажувајќи различни теми, објекти и ситуации, тие чекор по чекор ги прикажуваат најдобрите поставки за врвни фото резултати.

01_Apple_will_teach_you_

Некои од прикажаните функции се специфични за iPhone, но сепак, повеќето од нив се навистина основни совети, како на пример како да се пронајде подобро светло. Ете зошто навистина не разбираме за кого се создадени овие видеа. Повеќето од нив изгледаат премногу едноставно, дозволете ни да ви дадеме пример. Еве како да се направи селфи според Apple: стартувајте ја камерата, префрлете на предна камера и потоа притиснете го копчето. Можно е дека има голем број на постари луѓе кои никогаш не виделе паметен телефон во последните десет години, и неодамна добиле iPhone 7 Plus од нивните внуци, но малку е веројатно.

Исто така, нема да преминеме преку еден проблем при едукацијата: големиот ум во Apple што одлучи да ги снима овие видеа во portrait mode ќе гори во пеколот на креатори на аматерски филм. Дури и оние што покажуваат како да се сними видео. Како да VVS (Vertical Video Syndrome) не е доволен проблем во животот…

Недамна поставените видеа се за зумот на iPhone 7, како да снимате хоризонтално, како да поставите црно бели филтри или да фатите некој „интимен момент”. Менаџерот за социјален маркетинг на оваа кампања мора да го плаќаат на час, бидејќи досега само две од овие видеа се поставени на YouTube. За останатите, посетете ја веб-страницата на Apple.

Извор: Macrumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!