imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple го купи Netflix на сите магазини


Apple официјално вчера објави дека потпишал договор за купување на Texture, дигитален киоск со магазини кој работи на база на претплата.

Основата на Texture е тоа корисниците да можат да прочитаат над 200 магазини за фиксна месечна претплата (која мкментно изнесува 9.99 долари). Во основа, тоа услуга како Spotify или Netflix, а единствената разлика е во тоа што тука говориме за весници.

Texture нуди широк избор со имиња како The New Yorker, магазините People, Time, GQ, Fortune или ELLE. Очигледно, ако од наведените магазини читате барем два, тогаш дефинитивно ќе ви биде поисплатливо да се претплатите на Texture отколку да ја купувате печатената верзија – ако не сте колекционер. Можеби овој жанр и не е толку мртов.

Како што Apple извести за тоа на својот Newsroom, го купија Texture од глава до пета. Велат дека сите програмери, членовите на Next Issue Medie исто така ќе се преселат во Купертино. Next Issue Media – и Texture – заедно ги основаа Condé Nast, Hearst, Meredith, News Corp., Rogers Communications и Time Inc. Се чини дека Apple морал да се ракува со многу луѓе за да го добие договорот.

Зошто е ова корисно за Apple? – прашањето е едноставно. Меѓутоа, одговорот е нешто посложен. Од една страна, Apple веќе се наоѓа во оваа работа со Apple News, каде што можете да прочитате голем избор на вести од трета страна. Поради тоа, овој жанр не им е во целост непознат. И зошто да не? Со Apple Music, услугата како оваа би можела лесно да работи. Google веќе некое време продава весници во Play Store, а Amazon има сопствен систем на претплата. Очигледно дека Apple треба да се придружи во оваа редица.

Од друга страна, тука е оваа деликатна медиумска ситуација во САД, која од неодмана стана прилично груба. Постојат лажни вести, Facebook манипулации и политички притисок на веб-страниците кои пренесуваат вести. Тоа повторно потврди колкава моќ имаат медиумите и колку ефикасно можат да влијаат на луѓето кога се користат како алатки. Очигледно е дека Apple нема политички амбиции, но малку моќ е секогаш корисно кога се работи за соочување со групите.

Apple исто така го избра Texture како една од најиновативните апликации во 2016. година. По купувањето, апликацијата не е отстранета од App Store – се уште – и нејзините верзии за Android, Windows 10 и Amazon Kindle Fire останаа непроменети. Потпретседателот на Apple за интернет софтвер и услуги, Eddy Cue ја коментираше аквизицијата:

Предадени сме на квалитетно новинарство од доверливи извори и сакаме да им овозможиме на магазините да продолжат да произведуваат преубаво дизајнирани и интересни приказни за корисниците.

Не би можеле тоа подобро да го кажеме.

Извори: Apple Newsroom, The Verge

Texture се уште не е достапен во нашиот App Store, но очекуваме дека бројот на поддржани земји наскоро ќе се прошири. Но, дотогаш, можете да го погледнете прегледот на апликацијата во App Store.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!