imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple го усовршува Portrait Lightning со помош на вистински уметници


Првиот iPhone со двојна камера беше издаден пред една година, и набрзо му беше инсталиран (бета) додаток наречен Portrait mode. Оваа година, покрај iPhone 7 Plus, оваа функција ја имаат и новите модели со двојна камера; уште повеќе, сега ја имаме и опцијата Portrait Lighting, која инженерите на Apple ја усовршија со помош на признати уметници.

Една од најимпресивните нови функции кај iPhone 8 Plus и iPhone X е Portrait Lighting, која во основа може да го постигне истиот ефект на било која фотографија направена пред било каква позадина, како да е снимена во фото студио. Исто како и во случајот со Portrait mode, и ова е софтверско решение, а Apple неодамна сподели со новинарот на BuzzFeed дека инженерите на Apple се впуштиле во детално истражување во врска со оваа тема дури и пред да почнат да ја развиваат новата функција.

Не само што ја проучувавме портрет фотографијата. Се вративме назад се до сликањето”, рече Johnnie Manzari, дизајнер во тимот за човечки интерфејс на Apple.

 

Ако некогаш сте биле во уметничко училиште, ќе знаете дека ова поле функционира исто како и било кое друго академско поле: преку долготрајни студии за еден предмет. Во овој случај, размислете првенствено за анатомијата, бидејќи уметничкото дело може да биде реалистично само ако авторот внимателно го набљудува предметот, сето друго (знаење, софтвер) станува секундарно во однос на тоа. Развивањето на Portrait Lighting помина низ истиот процес: тимот собра еден куп познати уметнички слики и фотографии и ги забележа сите места каде што сликата имаше ист ефект, што беше идентичен  како и оној што сакаше да го постигне Apple.

За ова, секако, им беше потребна многу брза камера и процесор со неверојатни компјутерски вештини, а споената сила на овие две работи успеа да ги постигне софтверските промени во неколку милисекунди. Бидејќи тука не зборуваме за едноставни ефекти, туку за манипулација со информациите на сликата. AR, Face ID и iPhone X ja оправдаа зголемената стапка на развој во областа на камерата и процесорот, од кој на крајот произлегоа уште подобри работи.
Никогаш не велиме да направиме подобра камера. Туку каква камера можеме да направиме? На кој начин можеме да придонесеме за фотографијата? […] Сметаме дека тоа е најдобар начин на создавање камера е со поставување на едноставни, темелни прашања за фотографијата. Што значи да се биде фотограф? Што значи да се фати спомен? Ако почнете таму –  а не со долга листа на функции – често завршувате со нешто подобро. Кога ќе ја отстраните сложеноста на начинот на кој работи камерата, технологијата едноставно исчезнува. Тогаш луѓето можат да ја применат целата своја креативност на моментот кој сакаат да го фатат. И добивате некои неверојатни фотографии.
Извор: BuzzFeed
Креативните и единствени решенија никогаш не биле далеку од светот на Apple. Една од најочигледните разлики во iPhone X во споредба со другите iPhone уреди беше исчезнувањето на Home копчето. Во еден претходен артикал одблиску ги погледнавме десетте години во кои Home копчето беше дел од телефонот.
Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!