imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple мисли и за велосипедистите


Apple во последно време се посвети на надградбата на својата апликација Apple Maps, а почнаа да им даваат и повеќе внимание на местата во Европа. Сега постои и опција за пронаоѓање на места на кои можат да се пронајдат јавни велосипеди низ Европа.

Apple одлучи да игра паметно, па не собираа сами податоци, туку се здружија со Ito World за да ја користат нивната база на податоци. Услугата вклучува 36 држави и 175 градови и е достапна во Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Кипар, Естонија, Финска, Франција, Хрватска, Ирска, Летонија, Литванија, Луксембург, Унгарија, Малта, Холандија, Норвешка, Германија, Полска, Русија, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција, Украина и Велика Британија. Листата на сите градови во кои е достапна услугата ќе ја пронајдете во текст на TechCrunch.

Ако сакате да ја користите оваа услуга, само внесете го изразот „bike-sharing“ или „nextbike inland“. Апликацијата веднаш со сини ознаки ќе ви покаже на кои локации можете да ги најдете местата за изнајмување велосипед. Исто така, мапата ќе ви ја покаже и најлесната рута до некоја од тие точки.

Единствено што и недостасува на оваа услуга е информацијата за бројот на достапните велосипеди, односно за бројот на празни места. Сепак, достапни ни се контакт информации. Но, немојте да бидете неблагодарни – убаво е што некоја од услугите на Apple е достапна во Европа во овој обем и што и овие држави се вклучени во долгорочните планови на компанијата. Освен тоа, оваа услуга ќе ни биде доста корисна на патувањата во соседните или некој поодалечени европски држави.

Ура! Дали е некој расположен за возење на велосипед?

Извор: TechCrunch

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.