imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple можe да го направи полнењето на iPhone посигурно со помош на вакуум затворање


Се појавија неколку интересни патенти на тема како да се направат Lightning конекторот и каблите на iPhone посигурни. На тој начин, во случај на допир со вода, ниту уредот ниту корисникот нема да бидат повредени. Според информациите кои се наведени во документацијата, Apple ја гледа иднината на Lightning кабелот во нов облик и вакуум.

Немојте да играте со вода и струја во исто време – тоа сте го научиле уште како деца. За да ги избегнат можните проблеми, бањите во традиционалните британски куќи немаат електрични штекери. Дури и прекинувачите за светло се заменети со жици кои се наоѓаат на ноќните светилки и таванските вентилатори.

Очигледно е дека идејата за водоотпорен конектор потекнува од нацијата на Jony Ive и води до патентите кои би можеле да ги спасат корисниците од струен удар, кога уредот ќе дојде во контакт во вода. Според овие документи, Lightning кабелот и конекторот во целост би биле водоотпорни.

Во првиот патент можете да видите дека обликот на кабелот и конекторот би бил нешто поинаков и дека тие меѓусебно би можеле да се запечатат. Вториот патент има нешто повеќе технички пристап: генераторот би создал вибрации во уредот, а кабелот со помош на клиповите би создавал вакуум во приклучокот за полнење.

Значи, Apple не работи на нов стандард на полнење, туку на водоотпорен кабел. Единственото прашање е кога тоа ќе биде остварено – ако воопшто и се случи. Неодамна одобрените патенти настанаа во септември 2016. година, во исто време кога е лансиран и iPhone 7, кој е водоотпорен – IP67 – уред во понудата на Apple.

Тоа не е цврст доказ дека овој патент некогаш ќе биде реализиран, бидејќи постојат многу патенти кои се одобрени, но никогаш всушност не се направени. Меѓутоа, ако ова некогаш се оствари, стандардот би можел да остане ист, само што сегашниот кабел ќе биде заменет со посигурен кабел, што ќе биде вклучен во кутијата на секој iPhone.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!