imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Apple намерно ги намалува цените на AirPods


Да, оваа теза звучи неверојатна од прва, но и можеби по второ слушање. Сепак, има мала вистина според размислувањето на новинарот на Above Avalon. Анализа на Neil Cybart.

За ние да ја разбереме оваа анализа, ние за жал мора да прифатиме две гледишта за оваа
ситуација од самиот почеток. Прво, луѓето заработуваат повеќе во САД во просек во однос на пример од земјите во Источна Европа. Второ, благодарение на различните даночни ситуации на земјите во кои извезуваат Apple, производите на Apple кои се веќе прилично скапи, стануваат уште поскапи. Ова е причината зошто ние ќе треба да се размислува од американска перспектива и тоа е причината зошто ние ќе ги прикажуваме цените во американски долари во оваа статија.

file

Битно е да се спомене дека иако цената на AirPods во Америка е 159 долари, не значи дека истата цена ќе ја платат купувачите во продажните места. Цената подлежи на различни транспортни трошоци и останати давачки кон државата, што значи дека купувачите ќе треба да платат уште некој долар/денар.

Идејата до која дојде Neil Cybart е дека што полуксузен бренд станува Apple, тоа попристапни ќе станат цените – барем за дел од нив. Добро, но која е логиката тука? Па, на овој начин ќе може да привлечат повеќе клиенти во екосистемот, парите што ќе ги изгубат ќе ги вратат со производите на кои имаат поголема маржа. Ако гледате вака на работите, теоријата на Cybart дека цената на AirPods од 159 долари е прениска, ќе заклучите дека е точна. Тој ја поддржува теоријата со многу факти.

AirPods

AirPods се повеќе како компјутер за Вашите уши отколку слушалки, благодарени на вградениот акцелометар, оптички сензор, W1 чипот кој е дизајниран специјално за AirPods и неверојатната кутија за полнење. Цената изледа многу поинаква кога ќе ги разгледате овие факти.

file1

Цената од 159 долари изгледа висока само во споредба со слушалките со кабел. Инаку, нема други слични бежични слушалки на пазарот кои имаат сличен дизајн како нив кои се со слична цена или пак поевтини. Еве листа од производи и цени од конкуренцијата:

● Kanoa: 300 долари
● Bragi Dash: 299 долари
● Erato Apollo 7: 289 долари
● Skybuds: 279 долари
● Earin: 249 долари
● Motorola VerveOnes+: 249 долари
● Samsung Gear IconX: 199 долари
● Bragi Headphone: 149 долари

Можете да видите од оваа листа дека единствено поевтини слушалки од AirPods се Bragi слушалките.Сепак, со заштедата од 10 долари (9 евра) ќе заштедите на пари, но нема да го добиете дизајнот и функционалноста на Apple AirPods.

file2

Знаејќи го Apple и цените на производите кои ги нудат, можеа да дадат цена на AirPods од колку 250-300 долари и пак ќе беа конкурентни на пазарот. Сепак, деновите на данок на Apple изгледа дека се завршени, компанијата сега има друга стратегија, ги нудат AirPod По најниската можна цена.

Apple Watch

Cybart оди уште подалеку со анализата и смета дека не само цената на AirPods, туку и цената на Apple Watch е далеку поевтина отколку што треба да биде. Промената во овој случај е откако Apple ги претстави новите часовници во Септември. Series 1 кои добија наследник Series 2 сега имаат почетна цена од 269 долари така се најевтини паметни часовници на пазарот. Дури и цената на Series 2 од 350 долари е цена која може да се вброи во поевтините на пазарот. Да ги погледнеме цените на конкуренцијата:

● Fossil Fenix 5: 599 долари
● Garmin Forerunner 630: 399 долари
● Michael Kors Access: 350 долари
● Samsung Gear S3: 349 долари
● Fossil Q Founder: 275 долари

Агресивната политика за цените доведе до ситуација каде што нема разлика помеѓу некои подобри фитнес часовници и Apple Watch. Разликата помеѓу Apple Watch и само фитнес ориентираниот часовник Fitbit Blaze е околу 70 долари (околу 65 евра). Оваа разлика е толку мала што навистина се исплати да го купите Apple Watch кој што може многу повеќе.

file3
Стратегии

Авторот на оваа анализа набројува три факти кои може да го објаснат намерното намалување на цените на производите или пак едно целосно објасување.

Зголемување на продажбата на iPhone: Наместо да заработува на Apple Watch или пак на AirPods, Apple размислува на зголемување на продажбата на iPhone кој сеуште е главниот адут за заработка на компанијата. И Apple Watch и AirPods се сметаат за додатоци на iPhone-от бидејќи Ви е потребен iPhone за да ги користите овие додатоци. Apple може да ги привлече клиентите уште повеќе со ова, не само со продажбата на хардвер, туку и со продажбата на софтвер и сервиси (Apple Music, апликации и др.)

Поевтини производи: Причината може да биде наједноставната. Може да значи дека Apple може да ги намали производните трошоци според долгогодишното искуство и според силните преговарачки позиции кои може да ја намалат цената на производите и сепак да им носат голем профит по ниски цени, што значи дека намалувањето на цените за нив е објасниво. Да не спомнуваме и дека можат да претстават и нов производ во било кое време, благодарејќи на набавниот синџир.

file4

Добивање на клиенти: Исто така е можно Apple да се обидува да ги придобие клиентите со намалување на цените на нивните производи. Од една страна тие ги намалуваат почетните цени на производите така што ќе допрат до повеќе клиенти, а од друга страна ги чуваат премиум производите и на тој начин прават баланс. На тој начин се прави поделба на клиентите: Има такви кои не трошат многу пари на технологија и зголемувањето на ваквата клиентела им е битна. И има такви на кои цената не им е важна и Apple ќе заработи од оваа клиентела. Пример за ова е керамичкиот Apple Watch кој иако чини неколку пати повеќе од стандардниот Apple Watch, сепак ги има истите функции. Затоа мислиме дека веста за новиот iPhone со OLED екран е вистинита. Тие што може да го купат, треба да ја платат цената. Оние кои не можат, ќе го купат поевтиниот модел кој ќе биде скоро ист.

file5

Ретроспектива

Apple направи неколку стратегиски грешки низ историјата кога го рекламираа Mac-от во средината на деведесеттите години. Наместо да се обидат да го зголемат маркет шерот, тие произведоа луксузен производ за многу мала група на богати купувачи. Ги таргетираа купувачите кои веќе ги имаа со овој нов прескап производ и не целеа да добијат нови клиенти. Ова допринесе Windows да го придобијат пазарот на компјутери, последица која и ден денес се чувствува во Apple.

Сепак, Apple ја смени стратегијата кога го претставија iPad-от. Најпрво тие го таргетираа премиум сегментот, па така почнаа да ги таргетираат останатите клиенти, неколку години подоцна. Само потсетете се дека iPad чинеше 500 долари на почетокот, а по 2 години кога го претставија iPad mini чинење 329 долари со што iPad стана достапен за поголема група на купувачи.

file6

Изгледа дека се повторува оваа стратегија. Најпрво ќе ги привлечат клиентите со евтините цени, а потоа ќе им наплатат доколку сакаат да ги ажурираат артиклите. Ова е како оние клубови каде што влезот е бесплатен, но ќе мора да платите 250 денари за 0.33 Скопско пиво.

Што може да очекуваме во иднина?

Ако оваа хипотеза е вистинита, тогаш можеме да го очекуваме следното во иднина од овие производи.

Apple Watch: Cybart мисли дека Apple ќе мора да претстави Apple Watch кој ќе чини 200 долари порано или подоцна. Исто така ќе мора и да го подобрат производот со најниска цена. Истовремено можеме да очекуваме и соработка со некоја од познатите компании за фитнес слични на Hermes. Цените може да бидат на 1.000 долари.

file7

AirPods: Moже да заклучиме дека AirPods кои беа претставени се почеток на линијата на бежични слушалки поради ниската цена. Можеме да очекуваме Apple да ни претстават многу подобри и поскапи слушалки во иднина слични на AirPods.

iPhone: Разговаравме за ефектот на продажбата на iPhone 7 Plus. Заклучокот е дека доколку паметниот телефон е многу добар, тогаш ќе има доволен број на клиенти кои ќе го купат, без оглед на тоа што чини колку некој добар лаптоп. Оваа побарувачка доаѓа од фактот дека се повеќе луѓето го сметаат добриот мобилен за персонален компјутер кој можат да го стават во џеп. Ова може да значи дека Apple ќе претстават луксузен и скап iPhone оваа есен. Ова е според тоа што Kuo претходно го пишуваше. Во меѓувреме, Apple ќе ги намалат цените на артиклите кои не се сметаат за луксузни. Не мора да значи дека драстично ќе се намалат цените, бидејќи имаме веќе IPhone SE кој има одлична цена, а да не го спомнуваме iPhone 5s.

file8

iPad: iPad-ите може да ја имаат истата судбина како и iPhone-ите. Ќе има поевтини и поскапи, односно полуксузни модели. Поскапата верзија може да биде озборуваниот модел со супер тенок дизајн и со поддршка за Apple Pencil. Apple ни претставија поевтин iPad, иако веќе беше разговарано за тоа.

Заклучок

Новата стратегија на Apple за цените цели кон придобивање на нови клиенти. Во меѓувреме iPhone сеуште е најдпродаваниот производ на Apple, со најголем профит за компанијата. Додатоците со ниска цена како AirPods и Apple Watch ги насочуваат купувачите кон купување на iPhone-от. Додатоците се лесна дрога за да се пренасочат купувачите кон купување на iPhone и за да се навлечат на екосистемот на Apple, од кој, мора да признаеме, тешко дека може да се одвикнете. И тука е профитот.

file9

За ова да функционира, Apple мора да го редефинира помиот за луксузно. Купувачите мора да добијат чувство дека иако купуваат ентри-левел модел, дека тој модел е совршен и премиум. Сето ова е рефлектирано во материјалот кој се користи и многубројните функции и иновации кои ги вметнуваат во секој артикл како во AirPods на пример. Луксузно значи плаќање богатство на некоја компанија. Но, кај Apple скоро сите производи се луксузни, од основниот модел, до оној за кој ни се претставува како луксузен. Да го објасниме ова низ Орвелова парафраза:

Има луксузни модели и има модели кои се уште полуксузни.

Извор: Above Avalon

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.