imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Apple објави 6 нови “How to” iPad


По се изгеда дека Apple навистина сака сите да знаат дека најголемиот подебедник со iOS 11 е навистина iPad. Тоа е причината зошто Apple продолжува да го следи трендот на епизодите “How to shoot with iPhone” со што ги истакнува сите детали кај iPad.

iOS 11 очигледно ќе го подигне нашето мислење на повисоко ниво кога станува збор за iPad, а особено за iPad Pro. Кога Apple го претстави iPad моделот во 2010 година, малкумина од нас можеа да претпостават дека овој модел би можел да се користи за вистинска работа. Не беше доволно брз, апликациите не беа доволно добри, а подобро да не го именуваме менаџирањето со документи, истовремената работа на повеќе апликации како и Drag & Drop. Ова се многу мали нешта кои воопшто не ни недостигаат на нашите мобилни уреди, но се неопходни како би се напишал еден артикал од овој тип.

Оваа година Apple го направи сето ова можно, а достапно за сите ќе биде за многу кратко време со надоградбата на софтверот на големиот iOS 11 во септември. iPad Pro и неговата способност за поврзување со тастатура може да доведат до комплетна замена на MacBook Air кој се користи за канцелариска работа и за во училиште. Apple на ова прашање одговара со видео со инструкции: засновано на ова, навистина ќе биде многу лесно да се направи трансфер на документи помеѓу уредите, да користите повеќе апликации истовремено и многу повеќе.

Претходно имавме артикал за тоа што може 12.9 инчниот iPad Pro да направи со iOS 10. Она што го откривме за време на овој тест беше тоа дека iPad Pro може да ги задоволи многу добро потребите на еден студент, но не пројде многу добро за посериозна канцелариска работа. Но, сега веќе сметаме дека треба повторно да го преиспитаме овој резултат особено кога ќе ја добиеме комплетната верзија на iOS 11 со сите негови фантастични и нови функции.

Извор: Apple Insider

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.