imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Apple потврди дека работи на „self-driving” технологија


Гласините од минатата година сега се потврдени: Тим Кук отворено зборуваше за „self-driving” технологијата на која работат во Купертино. Извршниот директор на компанијата исто така зборуваше за овој проект како за најголем проект на вештачка интелигенција кои моментно го имаат.

Гласините за тоа како Apple создава сопствен автомобил кружат веќе со години. Сепак, Project Titan направи пресврт од 180 степени под водство на Боб Менсфилд, а програмерскиот тим кој се состои од скоро 1000 луѓе почна да се концентрира на софтверско решение. Оваа промена е потврдена многу пати оттогаш, како кога Apple во декември ја предаде документацијата потребна за дозволи на калифорниската Агенција за патување и сигурност (Travel and Safety Agency; TSA),  или кога проектот доби дозволи подоцна во текот на пролетта за тестирање на улиците на Калифорнија.

Во своето најново интервју со Bloomberg, претседателот на Управата на Apple, Тим Кук зборуваше за тоа како Apple развива автономна технологија која ќе може да управува со self-driving автомобилите. Исто така додаде дека овој проект е темел за сите останати развои поврзани со вештачката интелигенција, и дека исто така се работи за најкомплициран од сите.

Се насочивме само на автономните состави. Тоа е темелна технологија која ја сметаме многу важна. Веројатно е еден од најтешките A.I  проекти на кои се работи.

Apple не е единствена технолошка компанија која неодамна влезе во индустријата на траснпортни возила, и уште повеќе производители на автомобили (како BMW или General Motors) поставуваат база во Силиконската Долина преку купување на помали start-up компании кои се занимаваат со ист вид на технологија. Ова е огромна работа. McKinsey & Co. предвидува дека тоа ќе прерасне во индустрија вредна 6.7 милијарди долари до 2013. година.

Тука се надзира значително пореметување. Имате три вектори на промена кои општо се случуваат во иста временска рамка.

Втора интересна перспектива на оваа тема е дека директорите на Apple ги преферираат европските луксузни марки (како Aston Martin, Bentley, Land Rover, BMW или Porsche) за нивниот личен превоз. Тоа би можело да стане фактор при донесување на одлуката за self-driving технологијата, и секако, еколошката освестеност ќе биде еден од тие фактори. Тим Кук нагласи дека е потполно поинаков вид на искуство да се поседува електричен автомобил и дека компанијата би сакала да прави возила слични на Tesla кога би можела.

Чудесно е искуството кога нема да запрете на бензинска пумоа. Ќе видиме каде тоа ќе не одведе. Ни всушност не говориме од гледиштата на производите што ќе направиме.

Превозот не е во потполност непознато подрачје за Apple, со оглед на тоа што вложуваа пари во оваа област во минатото, кога вложија 1 милијарда долари во кинеската компанијата Didi, што во основа е кинеска верзија на Uber.

Извор: Bloomberg

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!