imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple почна да лобира за 5G фреквенции


Новата 5G ера е наскоро тука и Apple не сака да заостане. Ако почувствуваат дека Федералната комисија за комуникација им стои на патот, лесно се фаќаат за пенкало и хартија и почнуваат да се закануваат или да молат за да ги постигнат своите цели. Оваа цел е за помагање на родените технолошки иновации…

Можеби знаете дека Apple веќе некое време е посветен на петтата генерација безжични мрежи. 5G може да експлодира за неколку години, па затоа е навистина важно компаниите да бидат подготвени за технологијата. Но, тоа бара многу експериментирање и тестирање, за кое Apple доби одобрение од страна на FCC.

Но, лобирањето не запре тука. Овој пат ја молеа, поттикнуваа и и заповедаа на Федералната комисија за комуникација (навистина ги прават сите три работи во исто време) да ја напуштат т.н. “супер-висока” фреквенција (од 95 GHz до 3.000 GHz) за 5G и другите идни случувања.

Меѓутоа, спектрите на фреквенции всушност се многу ограничени извори кои по некое одредено време не можат повеќе да се вчитуваат. Токму затоа, владините тела како FCC одредуваат кој може да работи во одреден спектар. Со други зборови, ги чуваат одредените ферквенции за различни намени, на пример емитувањето на телевизиската програма, телефонските повици и слично.

Затоа Apple го моли FCC да не става никакви лиценци на фреквенциите над 95 GHz и да му препуштат на пазарот да одлучи за што ќе се користи тој спектар. Сепак, имаа необичен пристап во изнесувањето на своите аргументи.

Apple препорачува Комисијата да му пристапи на ова прашање со цел на поттикнување на развојот на различните иновативни работи и инженерски пристапи за кое пазарот ќе утврди дека најдобро ги искористуваат овие фреквенции, и да се потрудат да ги избегнат рестриктивните регулации, планови и предвидувања за идното користење на појаси кои би требало да ги условуваат резултатите и да ги ограничат иновациите.

Како тоа да не е доволно, уфрлија и малку локалпатриотски шмек. Имено, ако FCC не допушти слободно користење на овие фреквенции, Apple тврди дека некогаш величествените Соединетите Држави ќе бидат последни во редот кога се прашање безжичните технологии.

Прераното ограничување на операциите над 95 GHz – со создавање, на пример, само неколку тесни нелиценцирани појаси – без доверливи информации за техничките карактеристики на идните системи, би можело исто така да ја загрози идната американска конкурентност на подрачјето на новите безжични технологии. Соединетите Американски Држави досега беа предводници во безжичните иновации, делумно и поради допуштањето на отворање на новите спектри.

Соединетите Држави ризикуваат можни проблеми поради лесномислените и претерано рестриктивни регулативи, додека остатокот од светот ќе чекори во иднината со новите технологии.

Односот на Apple и FCC е многу деликатен. Таа дилетантска комисија понекогаш бара работи кои е невозможно да се реализираат, а понекогаш делат лесно делат дозволи. Се чини дека Apple е толку голема компанијата, што може да оствари многу само со лобирање во владините комисии. Во спротивно не би се охрабриле да напишат вакво писмо.

Зошто ќе биде добра петтата генерација на безжични мрежи? Според Сојузот на следната генерација мобилни мрежи, 5G стандардот ќе мора да ги задоволи овие регулативи:

  • Брзина на податоци во десетици мегабити во секунда за десетина илјади корисници.
  • Брзина на податоци од 100 мегабити во секунда за метрополитските области.
  • Истовремена брзина од 1Gb/s за повеќе работници на истиот спрат од канцеларијата.
  • Неколку стотина илјади истовремени конекции за безжични сензори.
  • Значајно зголемување на спектралната ефикаснот во однос на 4G.
  • Подобрување на покриеноста.
  • Подобрување на ефикасноста на сигналот.
  • Значајно намалување на латентноста во однос на LTE.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!